Јов 11
11
Говор на Софар: Јов треба да Му се покори на Бога
1Потоа проговори Софар од Ноема и рече: 2„Зар на многу зборови не може да се даде одговор, и зар многузборливиот човек е прав? 3#32,15Твоето празнословие ќе ги натера ли луѓето да молчат, за да се потсмевнуваш ти, та да нема кој да те засрами? 4Ти рече: расудувањето ми е правилно, и јас сум чист во Твоите очи. 5#38,1О, да проговореше Бог, да ја отвореше устата Своја кон тебе 6#28,27; Рим 11,33; 1 Кор 2,9.11.16и да ти ги откриеше тајните на мудроста дека тебе ти се паѓа двојно повеќе да понесеш! И така, знај дека Бог за тебе предаде на заборав некои од твоите беззаконија. 7Можеш ли во длабочините Божји да проникнеш? Можеш ли да го достигнеш совршенството на Седржителот? 8#Ефес 3,18Тој е повисок од небесата, – што можеш да направиш? Подлабок е од пеколот, – што можеш да дознаеш? 9Подолга од земјата е мерката Негова и поширока од морето. 10#9,12Ако се нафрли и затвори некого во окови и го изведе на суд, кој ќе Му забрани? 11Зашто Тој ги знае оние кои лажат и го гледа беззаконието; ќе го остави ли без да го разгледа? 12#39,5-8; 1 Мојс 16,12Но и суетниот човек се опаметува; дивото магаре на узда се покорува. 13#2 Мојс 9,29Ако го насочиш срцето свое и ги подадеш рацете кон Него, 14#1 Цар 8,38; Ис 1,15; Пс 88,9ако порокот од раката своја го отфрлиш и не дозволиш беззаконие да престојува во твоите шатори, 15#22,26; Плач 3,41тогаш ќе го кренеш неизвалканото лице свое, ќе бидеш цврст и нема да се плашиш. 16#2 Сам 14,14Тогаш ќе ја заборавиш тагата: како за истечена вода ќе се сеќаваш на неа. 17#17,12 Животот твој ќе стане како светол ден; како јасна зора темнината ќе светне. 18Во надежта своја ќе бидеш спокоен, ограден, ќе почиваш во мир. 19Ќе легнеш и не ќе има кој да те заплашува; мнозина ќе ти се умилкуваат. 20#3,21; 6,9; 7,15А очите на беззакониците ќе згаснат, прибежиштето нивно ќе пропадне, а надежта нивна ќе исчезне.“
Селектирано:
Јов 11: MK2006
Нагласи
Сподели
Копирај
Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се
© Библиско Здружение на Р. Македонија 2006
© Bible Society of the Republic of Macedonia 2006