Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Јов 1:13-19

Јов 1:13-19 MK2006

Еден ден синовите и ќерките на Јов јадеа и пиеја вино во куќата на првородениот свој брат. И ете, дојде известувач кај Јов и му рече: „Воловите ораа и магариците пасеа покрај нив, кога Савејци ги нападнаа и ги оте­раа, а момоците со остар меч ги погубија; избегав само јас за да ти јавам.“ Додека уште говореше, дојде друг и рече: „Оган Божји од небото падна, ги изгоре овците и момоците и ги голтна; и побегнав само јас, за да ти јавам.“ Додека тој говореше, дојде трет, па рече: „Халдејци, наредени во три чети, нападнаа на камилите и ги отераа, а мо­моците со остар меч ги погубија; само јас избегав, за да ти јавам.“ И додека тој уште говореше, се појави друг и рече: „Синовите и ќерки­те твои јадеа и пиеја вино во куќата на првородениот свој брат; ете, дувна силен ветар откај пустината и ги зафати четирите агли на ку­ќата; куќата се урна врз децата и тие умреа; се спасив само јас, за да ти јавам.“

Бесплатни планови за читање и побожни текстови поврзани со Јов 1:13-19

YouVersion користи колачиња за да го персонализира вашето искуство. Со користење на нашата веб-страница, ја прифаќате употребата на колачиња како што е опишано во нашата Политика за приватност