Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Јов 1:13-19

Јов 1:13-19 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)

Еден ден синовите и ќерките на Јов јадеа и пиеја вино во куќата на првородениот свој брат. И ете, дојде известувач кај Јов и му рече: „Воловите ораа и магариците пасеа покрај нив, кога Савејци ги нападнаа и ги оте­раа, а момоците со остар меч ги погубија; избегав само јас за да ти јавам.“ Додека уште говореше, дојде друг и рече: „Оган Божји од небото падна, ги изгоре овците и момоците и ги голтна; и побегнав само јас, за да ти јавам.“ Додека тој говореше, дојде трет, па рече: „Халдејци, наредени во три чети, нападнаа на камилите и ги отераа, а мо­моците со остар меч ги погубија; само јас избегав, за да ти јавам.“ И додека тој уште говореше, се појави друг и рече: „Синовите и ќерки­те твои јадеа и пиеја вино во куќата на првородениот свој брат; ете, дувна силен ветар откај пустината и ги зафати четирите агли на ку­ќата; куќата се урна врз децата и тие умреа; се спасив само јас, за да ти јавам.“

Јов 1:13-19 Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов (MKB)

Еден ден, додека Јововите синови и ќерки јадеа и пиеја во куќата на најстариот брат, дојде гласник при Јов и рече: „Твоите волови ораа, а ослиците пасеа покрај нив, кога одненадеж Савејците нападнаа на нив и ги грабнаа, убивајќи ги слугите со остар меч. Единствено само јас избегав да ти го јавам ова.“ Додека тој уште го зборуваше тоа, дојде друг и рече: „Божји оган удри од небото, ги изгоре твоите овци и пастири и ги проголта. Единствено избегав јас да ти јавам.“ Додека уште зборуваше дојде трет и рече: „Халдејците удрија, со три чети, на твоите камили и ги грабнаа, убивајќи ги слугите со остар меч. Единствено избегав јас да ти јавам.“ Додека уште зборуваше овој, дојде четвртиот и рече: „Твоите синови и ќерки јадеа и пиеја вино во куќата на најстариот брат. И ете, силен ветер се крена од пустината, удри на сите четири агли на куќата, ја урна врз децата, па тие загинаа. Единствено избегав јас да ти јавам.“

YouVersion користи колачиња за да го персонализира вашето искуство. Со користење на нашата веб-страница, ја прифаќате употребата на колачиња како што е опишано во нашата Политика за приватност