Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Јован 9:24-34

Јован 9:24-34 MK2006

Тогаш повторно го повикаа човекот што беше порано слеп и му рекоа: „Прослави Го Бога! Ние знаеме дека Оној Човек е грешен!“ А тој одговори и рече: „Дали е гре­шен, не знам; но знам дека бев слеп, а сега гледам.“ Пак му рекоа: „Што ти направи? Како ти ги отвори очите?“ Тој им одговори: „Јас веќе ви реков и не чувте; зошто сакате пак да чуете? Да не сакате можеби и вие да Му ста­не­те ученици?“ А тие го укорија и му рекоа: „Ти си Негов ученик, а ние сме Мојсееви уче­ници! Ние знаеме дека со Мојсеј говорел Бог; а Овој не знаеме од каде е.“ Одговори човекот и им рече: „Тоа е и за чудење, што вие не знаете од каде е, а мене, сепак, ми ги отвори очите! Знаеме дека Бог не слуша греш­ни­ци: но оној што Го почитува Бога и ја исполнува Неговата волја, него го слу­ша. Откако е веков, не се чуло некој да отворил очи на слепороден. И ако Тој не беше од Бога, не ќе мо­жеше да направи ништо.“ Одговорија и му рекоа: „Сиот си во гревови роден, па зар ти нас ќе нѐ учиш?“ И го избркаа надвор.

YouVersion користи колачиња за да го персонализира вашето искуство. Со користење на нашата веб-страница, ја прифаќате употребата на колачиња како што е опишано во нашата Политика за приватност