Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Јован 8:38-58

Јован 8:38-58 MK2006

Јас го кажувам она што сум го ви­дел кај Мојот Отец; а и вие го правите она што сте го виделе кај вашиот тат­ко.“ Му одговорија и рекоа: „Наш татко е Авраам.“ Исус им рече: „Ако бевте чеда Авраамови, вие ќе ги вршевте де­лата Авраамови. А сега сакате да Ме убиете, Мене, Човекот Кој ви ја кажа вистината што ја чу од Бога. Авраам така не правеше. Вие ги вршите делата на својот тат­ко.“ А тие Му рекоа: „Ние не сме ро­де­ни од блудство; еден Отец имаме – Бог.“ Но Исус им рече: „Ако Бог беше ваш Отец, тогаш ќе Ме сакавте Мене, бидејќи Јас сум излегол и доаѓам од Бо­га. Зашто не дојдов Сам од Себе, туку Тој Ме прати. Зошто не ги разбирате Моите збо­рови? Затоа што не можете да ги слу­шате поуките Мои. Вашиот татко е ѓаволот; и вие са­ка­те да ги исполнувате желбите на својот татко; тој е човекоубиец од почетокот и не стои во вистината, зашто во него не­ма вистина. Кога зборува лага, говори од себе, зашто е лажливец и татко на лагата. А бидејќи Јас вистината ви ја ка­жу­вам, не Ми верувате. Кој од Вас може да Ме обвини за неправда? Ако ли, пак, вистина зборувам, тогаш зошто не Ми верувате? Кој е од Бога, тој ги слуша Божјите зборови. А вие не ги слушате, зашто не сте од Бога.“ Тогаш Јудејците Му одговорија и рекоа: „Не зборуваме ли право дека си Ти Самарјанин и дека зол дух има во Тебе?“ Исус им одговори: „Во Мене нема зол дух, туку Го почитувам Својот Отец, а вие Ме бесчестите. Но Јас не барам Своја слава; има Друг што ја бара, и што ќе суди. Вистина, вистина ви велам; кој ќе ги запази зборовите Мои, нема да види смрт довека.“ Тогаш Јудејците Му рекоа: „Сега разбравме дека во Тебе има нечист дух: Авраам умре, и пророците, а ти велиш, кој ќе ги запази зборовите Мои, смрт нема да види довека. Да не си Ти поголем од нашиот тат­ко Авраам, кој умре? И пророците ум­реа; а за кого се сметаш Себе си?“ Исус одговори: „Ако се славам Сам, тогаш славата Моја е ништо; Оној Кој ме прославува е Мојот Отец, за Кого вие велите дека е ваш Бог; но не Го познавате, а Јас, пак, го знам. И ако кажам дека не Го познавам, ќе бидам лажго како вие. Но Јас Го знам и го пазам словото Негово. Авраам, таткото ваш, би се зарадувал да го види Мојот ден; и го виде, и се зарадува.“ Тогаш Јудејците Му рекоа: „Уште немаш ни педесет години – а си го видел Авраам!?“ Исус им рече: „Вистина, вистина ви велам: Јас постојам уште пред да се роди Авраам.“