Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Јован 8:38-58

Јован 8:38-58 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)

Јас го кажувам она што сум го ви­дел кај Мојот Отец; а и вие го правите она што сте го виделе кај вашиот тат­ко.“ Му одговорија и рекоа: „Наш татко е Авраам.“ Исус им рече: „Ако бевте чеда Авраамови, вие ќе ги вршевте де­лата Авраамови. А сега сакате да Ме убиете, Мене, Човекот Кој ви ја кажа вистината што ја чу од Бога. Авраам така не правеше. Вие ги вршите делата на својот тат­ко.“ А тие Му рекоа: „Ние не сме ро­де­ни од блудство; еден Отец имаме – Бог.“ Но Исус им рече: „Ако Бог беше ваш Отец, тогаш ќе Ме сакавте Мене, бидејќи Јас сум излегол и доаѓам од Бо­га. Зашто не дојдов Сам од Себе, туку Тој Ме прати. Зошто не ги разбирате Моите збо­рови? Затоа што не можете да ги слу­шате поуките Мои. Вашиот татко е ѓаволот; и вие са­ка­те да ги исполнувате желбите на својот татко; тој е човекоубиец од почетокот и не стои во вистината, зашто во него не­ма вистина. Кога зборува лага, говори од себе, зашто е лажливец и татко на лагата. А бидејќи Јас вистината ви ја ка­жу­вам, не Ми верувате. Кој од Вас може да Ме обвини за неправда? Ако ли, пак, вистина зборувам, тогаш зошто не Ми верувате? Кој е од Бога, тој ги слуша Божјите зборови. А вие не ги слушате, зашто не сте од Бога.“ Тогаш Јудејците Му одговорија и рекоа: „Не зборуваме ли право дека си Ти Самарјанин и дека зол дух има во Тебе?“ Исус им одговори: „Во Мене нема зол дух, туку Го почитувам Својот Отец, а вие Ме бесчестите. Но Јас не барам Своја слава; има Друг што ја бара, и што ќе суди. Вистина, вистина ви велам; кој ќе ги запази зборовите Мои, нема да види смрт довека.“ Тогаш Јудејците Му рекоа: „Сега разбравме дека во Тебе има нечист дух: Авраам умре, и пророците, а ти велиш, кој ќе ги запази зборовите Мои, смрт нема да види довека. Да не си Ти поголем од нашиот тат­ко Авраам, кој умре? И пророците ум­реа; а за кого се сметаш Себе си?“ Исус одговори: „Ако се славам Сам, тогаш славата Моја е ништо; Оној Кој ме прославува е Мојот Отец, за Кого вие велите дека е ваш Бог; но не Го познавате, а Јас, пак, го знам. И ако кажам дека не Го познавам, ќе бидам лажго како вие. Но Јас Го знам и го пазам словото Негово. Авраам, таткото ваш, би се зарадувал да го види Мојот ден; и го виде, и се зарадува.“ Тогаш Јудејците Му рекоа: „Уште немаш ни педесет години – а си го видел Авраам!?“ Исус им рече: „Вистина, вистина ви велам: Јас постојам уште пред да се роди Авраам.“

Јован 8:38-58 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)

Јас го кажувам она што сум го видел кај Таткото. Вие постапувате онака како што ве научил вашиот татко!“ „Нашиот татко е Авраам!“ - Му одговорија тие. Исус им рече: „Да бевте Авраамови деца, ќе постапувавте онака како што постапуваше Авраам. Но вие сега сакате да Ме убиете, Мене, Човекот што ви ја зборува вистината што ја чул од Бога. Авраам не правеше така! Вие го правите она што го прави и вашиот татко!“ „Ние не сме вонбрачни деца!“ - Му одговорија тие - „Еден Татко имаме, а тоа е Бог!“ Исус им рече: „Ако Бог беше ваш Татко, вие ќе Ме сакавте, зашто Јас дојдов од Бог и сега сум овде. Не дојдов само по Своја одлука, туку Тој Ме испрати. Зошто не разбирате што ви зборувам? - Затоа што не можете да ја поднесете Мојата порака! Вашиот татко е Ѓаволот, и вие со задоволство ги извршувате неговите желби. Тој беше човекоубиец од почетокот и никогаш не бил на страната на вистината, зашто во него нема вистина. Кога лаже, тоа произлегува од неговиот карактер, зашто тој е лажго и татко на лагата. А мене не Ми верувате, зашто Јас ја кажувам вистината. Кој од вас може да Ме обвини за грев? Ако, пак, ја зборувам вистината, тогаш зошто не Ми верувате? Оној што е од Бога, ги слуша Божјите зборови, а вие не сте од Бога и затоа не сакате да слушате.“ Еврејските верски водачи Му рекоа на Исуса: „Зар не сме во право кога велиме дека Ти си Самарјанец и дека си обземен од демон!?“ Исус им одговори: „Јас немам демон во Себе, зашто Го почитувам Мојот небесен Татко, а вие Ме срамотите. Иако, Јас не барам слава за Себе, Бог бара да Ме почитувате и Тој ќе суди за тоа. Ве уверувам дека тој што се држи до Моето учење, никогаш нема да умре!“ Еврејските верски водачи Му рекоа: „Сега сме уверени дека си обземен од демон! Авраам умре и пророците умреа, а Ти велиш: ,Тој што се држи до Моето учење, никогаш нема да умре!‘ Зар си Ти поголем од нашиот татко Авраам, кој сепак умре!? А и пророците умреа. Што се замислуваш Ти!?“ Исус им одговори: „Ако Јас самиот си придавам чест, Мојата слава е ништожна. Мојот Татко е Тој што Ме прославува - Оној, за Кого вие велите дека е ваш Бог, а никогаш не сте Го познавале. Јас, пак, Го знам. Кога би рекол дека не Го знам, би бил лажливец како вас. Но Јас Го знам и го извршувам тоа што Тој ќе го каже. Вашиот прататко Авраам се радуваше во очекувањето да го види денот на Моето доаѓање; тој го виде и беше пресреќен.“ „Како си можел да го видиш Авраам, кога немаш ни педесет години!?“ - Му рекоа еврејските верски водачи. Исус им одговори: „Ве уверувам дека уште пред да се роди Авраам, ЈАС СУМ!“

Јован 8:38-58 Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов (MKB)

Јас го зборувам тоа што сум го видел кај Татко Ми. Исто и вие правите што сте чуле од вашиот татко.“ Му одговорија и рекоа: „Наш татко е Авраам.“ Исус им рече: „Ако бевте Авраамови чеда, ќе ги вршевте Авраамовите дела. А сега сакате да Ме убиете Мене, Човекот, Кој ви ја кажа вистината, што ја чув од Бога. Авраам не направи така. Вие ги вршите делата на татка си.“ Ние не сме родени од блудство; имаме еден Татко - Бог.“ Исус им рече: „Ако Бог беше ваш Татко, ќе Ме љубевте Мене; зашто Јас од Бога излегов и дојдов; и не дојдов Сам од Себе, туку Тој Ме прати. Зошто не го разбирате Моето зборување? Затоа што не можете да ја слушате Мојата наука. Вие потекнувате од вашиот татко - ѓаволот, и сакате да ги исполнувате желбите на татка си. Тој беше човекоубиец од почеток и не оста-на во вистината, зашто нема вистина во него. Кога зборува лага, зборува од своето, зашто е лажец и татко на лагата. Не Ми верувате Мене, зашто ви ја зборувам вистината. Кој од вас Ме обвинува за грев? Ако ја зборувам вистината, зошто не Ми верувате? Кој е од Бога, ги слуша Божјите зборови; затоа вие не ги слушате, зашто не сте од Бога.“ Јудејците Му одговорија и рекоа: „Не зборуваме ли ние право, дека Ти си Самарјанец и дека имаш бес?“ Исус одговори: „Јас немам бес, туку Го почитувам Мојот Татко, а вие Ме срамите. Јас не ја барам Мојата Слава; има Кој бара и суди. Вистина, вистина ви велам, ако некој го запази Моето слово, нема да види смрт довека.“ Јудејците Му рекоа: „Сега знае-ме, дека имаш нечист дух во Тебе. Авраам почина, и пророците исто, а Ти велиш: ‘Ако некој го запази Моето слово, нема да ја вкуси смртта довека.’ Зар си Ти пого-лем од нашиот татко Авраам - кој умре? И пророците умреа. За кого се претставуваш Ти Самиот?“ Исус одговори: „Ако Јас се прославувам Самиот Себе, Мојата слава е ништо; Мене Ме слави Мојот Татко, за Кого вие велите дека е ваш Бог. Вие не Го запознавте, а Јас Го познавам. И ако речам дека не Го познавам, ќе бидам лажец како и вас; но Јас Го познавам и го пазам Неговото слово. Авраам, вашиот татко, се радуваше да го види Мојот ден, и го виде и се зарадува.“ Јудејците Му рекоа: „Уште немаш педесет години, и Авраама си го видел?“ Исус им рече: „Вистина, вистина ви велам: Јас Сум, пред да се родил Авраам.“