Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Јован 8:3-11

Јован 8:3-11 MK2006

Тогаш книжниците и фарисеите до­ведоа кај Него жена фатена во прељубодејство; ја поставија насреде и Му рекоа: „Учителе, оваа жена сега е фатена во прељубодејство. А Мојсеј во Законот ни заповеда: такви со камења да ги убиваме; Ти, пак, што велиш?“ Тоа го рекоа за да Го искушаат и да го обвинат. А Исус се наведна долу и почна со прст да пишува во земјата, не гледајќи ги. Кога продолжија да го прашуваат, Тој се исправи и им рече: „Кој од вас е без грев, прв нека фрли камен на неа!“ И пак се наведна долу и пишуваше по земјата. А тие, штом го чуја тоа, бидејќи со­веста ги гризеше, се разотидоа еден по еден, почнувајќи од најстарите па до последните: останаа само Исус и же­на­та, која стоеше насреде. А кога се исправи и не виде никого освен жената, Исус ѝ рече: „Жено, каде се оние што те обвинуваа? Никој ли не те осуди?“ А таа рече: „Никој, Господи.“ То­гаш Исус ѝ рече: „Ни Јас не те осудувам. Оди си и немој повеќе да грешиш.“

Бесплатни планови за читање и побожни текстови поврзани со Јован 8:3-11

YouVersion користи колачиња за да го персонализира вашето искуство. Со користење на нашата веб-страница, ја прифаќате употребата на колачиња како што е опишано во нашата Политика за приватност