Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Јован 7:1-9

Јован 7:1-9 MK2006

Потоа одеше Исус по Галилеја, не сакаше да оди во Јудеја, зашто Јудејците сакаа да Го убијат. Се приближуваше, пак, јудејскиот празник Сеници. Тогаш браќата Негови Му рекоа: „Излези одовде и оди во Јудеја, та и учениците Твои да ги видат делата што ги вршиш. Зашто никој не прави нешто тајно кога сака да се прочуе. Ако Ти ги вр­шиш овие работи, тогаш покажи се пред светот!“ Зашто и браќата Негови не веруваа во Него. А на тоа Исус им одговори: „Моето време уште не е дојдено, а за вас времето е секогаш погодно. Светов вас не може да ве мрази, а Мене Ме мрази, зашто Јас сведочам за него дека делата му се лоши. Вие отидете на овој празник; Јас не­ма да излезам на празникот, зашто вре­мето Мое сѐ уште не се исполнило.“ Откако го рече тоа, остана во Га­ли­леја.

YouVersion користи колачиња за да го персонализира вашето искуство. Со користење на нашата веб-страница, ја прифаќате употребата на колачиња како што е опишано во нашата Политика за приватност