Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Јован 6:60-71

Јован 6:60-71 MK2006

Тогаш мнозина од учениците Не­го­ви, кои слушаа, рекоа: „Тешки се овие зборови! Кој може да ги слуша!?“ А Исус, знаејќи во Себе дека учениците Негови се бунат против тоа, им рече: „Зар ова ве соблазнува? А што ако Го видите Синот Чо­веч­ки како се вознесува горе, каде што бил порано? Духот е тој што оживува; телото ништо не помага. Зборовите што ви ги кажав се дух и живот. Но има меѓу вас и некои што не ве­руваат.“ Исус знаеше од почеток кои се тие што не веруваат и кој е тој што ќе го предаде. И рече: „Затоа ви зборувам дека ни­кој не може да дојде кај Мене, ако не му биде дадено од Мојот Отец.“ Од тоа време мнозина од Неговите ученици се повлекоа и не одеа веќе со Него. Тогаш им рече Исус на дванаесет­те: „Да не сакате и вие да си отидете?“ А Симон Петар Му одговори: „Гос­поди, кај кого ќе отидеме? Ти имаш збо­рови за вечен живот, и ние поверувавме и познавме дека си Божјиот Светител (Христос, Син на живиот Бог).“ Исус им одговори: „Не ли ве избрав дванаесетмина? Но еден од вас е ѓа­вол.“ А зборуваше за Јуда Симонов Иска­риот, зашто тој, како еден од дванаесет­те, сакаше да Го предаде.

YouVersion користи колачиња за да го персонализира вашето искуство. Со користење на нашата веб-страница, ја прифаќате употребата на колачиња како што е опишано во нашата Политика за приватност