Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Јован 5:24-40

Јован 5:24-40 MK2006

Вистина, вистина ви велам: кој го слуша словото Мое и верува во Оној Кој Ме пратил, има живот вечен и нема да дојде на суд, туку преминал од смрт во живот. Вистина, вистина ви зборувам: иде часот и веќе е дојден, кога мртвите ќе го чујат гласот на Синот Божји, и тие што ќе го чујат, ќе оживеат. Зашто, како што Отецот има живот во Себе, така Му даде и на Синот да има живот во Себе; и Му даде власт да суди, зашто Тој е Синот Човечки. Не чудете се на ова, зашто иде ча­сот кога сите, кои се во гробовите, ќе го чујат гласот на Синот Божји, и ќе излезат: кои правеле добро – ќе воскреснат за живот, а кои правеле зло, ќе воскреснат за осудување. Јас ништо не можам да правам Сам од Себе. Како што слушам, така и су­дам, и Мојот суд е праведен, зашто не ја барам Мојата волја, туку волјата на Отецот Кој Ме прати. Ако Јас сведочам Сам за Себе, све­доштвото Мое нема да биде вистинито. Но има Друг што сведочи за Мене; и знам дека е вистинито тоа сведоштво со кое Тој сведочи за Мене. Вие пративте гласници кај Јован и тој ви посведочи за вистината. Не дека Јас примам сведоштво од човек; туку ова го кажувам за да се спасите вие. Тој беше светило што гори и свети, а вие сакавте да се порадувате на неговата светлина, за кратко време. Но Јас имам поголемо сведоштво од Јовановото; делата што Ми ги даде Отецот да ги извршам, самите тие дела, што ги извршувам Јас, сведочат за Мене дека Ме пратил Отецот. И Отецот, Кој Ме прати, Сам пос­ведочи за Мене. А вие ни гласот Негов никогаш не сте го чуле, ниту лицето Негово сте го виделе. И зборовите Негови не се во вас, зашто не верувате во Оној кого Го пра­тил Тој. Ги истражувате Писмата, зашто вие мислите дека во нив имате живот вечен; а токму тие сведочат за Мене. Но не сакате да дојдете кај Мене за да имате живот.

Бесплатни планови за читање и побожни текстови поврзани со Јован 5:24-40

YouVersion користи колачиња за да го персонализира вашето искуство. Со користење на нашата веб-страница, ја прифаќате употребата на колачиња како што е опишано во нашата Политика за приватност