А во Ерусалим, кај Овчата порта, има бања, по еврејски наречена Витезда, со пет тремови. Во нив лежеа мнозина болни, слепи, куци, исушени, кои очекуваа да се раздвижи водата, (зашто одвреме навреме во бањата слегуваше ангел Господов и ја раздвижуваше водата; и кој прв ќе влезеше по придвижувањето на водата, оздравуваше од каква било болест да боледуваше.) Имаше таму и еден човек кој боледуваше триесет и осум години. Кога Исус го виде како лежи, знаејќи дека многу години боледува, му рече: „Сакаш ли да оздравиш?“ Болниот Му одговори: „Да, Господи! Само немам човек што ќе ме спушти во бањата кога ќе се раздвижи водата; додека јас да дојдам, друг слегува пред мене.“ Исус му рече: „Стани, земи ја постелката своја и оди си!“
Прочитај Јован 5
Слушај Јован 5
Сподели
Спореди ги сите верзии: Јован 5:2-8
Зачувај стихови, читај офлајн, гледај наставни клипови и уште многу повеќе!
Дома
Библија
Планови
Видеа