Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Јован 5:2-8

Јован 5:2-8 MK2006

А во Ерусалим, кај Овчата порта, има бања, по еврејски наречена Вит­езда, со пет тремови. Во нив лежеа мнозина болни, слепи, куци, исушени, кои очекуваа да се раздвижи водата, (зашто одвреме навреме во бањата слегуваше ангел Господов и ја раздви­жуваше водата; и кој прв ќе влезеше по придвижувањето на водата, оздравува­ше од каква било болест да боледува­ше.) Имаше таму и еден човек кој боледуваше триесет и осум години. Кога Исус го виде како лежи, знаејќи дека многу години боледува, му рече: „Сакаш ли да оздравиш?“ Болниот Му одговори: „Да, Господи! Само немам човек што ќе ме спушти во бањата кога ќе се раздвижи водата; до­дека јас да дојдам, друг слегува пред ме­не.“ Исус му рече: „Стани, земи ја пос­телката своја и оди си!“

YouVersion користи колачиња за да го персонализира вашето искуство. Со користење на нашата веб-страница, ја прифаќате употребата на колачиња како што е опишано во нашата Политика за приватност