Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Јован 4:46-54

Јован 4:46-54 MK2006

И така, Исус пак дојде во Кана Га­лилејска, каде што беше претворил во­да во вино. Имаше еден царски човек, чиј син беше болен во Капернаум. Тој, штом чу дека Исус пристигнал од Јудеја во Галилеја, отиде кај Него и Го замоли да слезе и да му го излекува синот, зашто беше на умирање. А Исус му рече: „Ако не видите знаци и чуда, нема да поверувате?“ Царскиот човек Му рече: „Господи, дојди додека уште не ми умрело детето!“ А Исус му одговори: „Оди си! Тво­јот син е жив!“ И човекот поверува на зборот што му го кажа Исус и си за­мина. И веднаш, уште додека слегуваше, го сретнаа слугите негови и му јавија: „Синот твој е жив!“ А тој ги праша за часот кога му станало полесно. Тие му одговорија: „Од вчера во седмиот час веќе нема треска.“ Тогаш таткото разбра дека тоа ста­на­ло во истиот час кога Исус му рече: „Твојот син е жив!“ И поверува тој и целиот негов дом. Ова беше второто чудо што го из­вр­ши Исус, кога пристигна од Јудеја во Галилеја.

YouVersion користи колачиња за да го персонализира вашето искуство. Со користење на нашата веб-страница, ја прифаќате употребата на колачиња како што е опишано во нашата Политика за приватност