Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Јован 4:46-54

Јован 4:46-54 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)

Тогаш Исус повторно отиде во Галилејска Кана, каде што ја беше претворил водата во вино. Таму имаше еден царски службеник, чиј син лежеше болен во градот Кафарнаум. Штом слушна дека Исус дошол од Јудеја во Галилеја, службеникот отиде кај Него и Го молеше да дојде и да го исцели неговиот син, кој беше на умирање. На тоа, Исус рече: „Никогаш не верувате, доколку не видите натприродни докази и чуда!“ „Господине!“ - Му рече царскиот службеник - „Дојди додека не ми умрело детето!“ „Оди си, твојот син ќе живее!“ - му рече Исус. Човекот им поверува на зборовите што му ги кажа Исус и си замина. Додека си одеше дома го пречекаа неговите слуги и му кажаа дека детето е живо и дека се чувствува подобро. Тогаш тој ги распраша, кога му станало подобро на детето. „Вчера, во еден часот попладне му помина треската“ - му одговорија тие. Тогаш таткото сфати дека токму во тоа време Исус му рече: „Твојот син ќе живее.“ Така тој и целото негово семејство поверуваа во Исус. Ова беше второто чудо што Исус го направи во Галилеја, по враќањето од Јудеја.

Јован 4:46-54 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)

И така, Исус пак дојде во Кана Га­лилејска, каде што беше претворил во­да во вино. Имаше еден царски човек, чиј син беше болен во Капернаум. Тој, штом чу дека Исус пристигнал од Јудеја во Галилеја, отиде кај Него и Го замоли да слезе и да му го излекува синот, зашто беше на умирање. А Исус му рече: „Ако не видите знаци и чуда, нема да поверувате?“ Царскиот човек Му рече: „Господи, дојди додека уште не ми умрело детето!“ А Исус му одговори: „Оди си! Тво­јот син е жив!“ И човекот поверува на зборот што му го кажа Исус и си за­мина. И веднаш, уште додека слегуваше, го сретнаа слугите негови и му јавија: „Синот твој е жив!“ А тој ги праша за часот кога му станало полесно. Тие му одговорија: „Од вчера во седмиот час веќе нема треска.“ Тогаш таткото разбра дека тоа ста­на­ло во истиот час кога Исус му рече: „Твојот син е жив!“ И поверува тој и целиот негов дом. Ова беше второто чудо што го из­вр­ши Исус, кога пристигна од Јудеја во Галилеја.

Јован 4:46-54 Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов (MKB)

И пак дојде во Кана Галилејска, каде ја претвори водата во вино. А имаше еден царски службеник, чиј син беше болен во Капернаум. Тој, штом чу дека Исус дојде од Јудеја во Галилеја, отиде при Него и Го замоли да слезе и да му го исцели синот, зашто беше на умирање. Тогаш Исус му рече: „Ако не видите знаци и чудеса, нема да поверувате.“ Царскиот службе-ник Му рече: „Господине, слези пред да ми умре детето!“ Исус му рече: „Оди си, твојот син е жив!“ Човекот му поверува на зборот, што му го кажа Исус и си замина. И додека уште слегуваше, него-вите слуги го пресретнаа и му соопштија дека син му е жив. А тој ги праша за часот во кој му станало полесно. Тие му одговорија: „Вчера, во седмиот час, го остави треската.“ Тогаш таткото разбра дека тоа се случило во часот кога Исус му рече: „Твојот син е жив!“ И поверува тој и целиот негов дом. Ова пак второ чудо го направи Исус, кога дојде од Јудеја во Галилеја.