Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Јован 3:3-17

Јован 3:3-17 MK2006

Исус му одговори и рече: „Вистина, вистина ти велам: ако некој не се роди одозгора, не може да го види царството Божјо.“ Никодим Му рече: „Како може чо­век да се роди кога е стар? Зар може по вторпат да влезе во утробата на мајка си и да се роди?“ А Исус му одговори: „Вистина, вис­тина ти велам: ако некој не се роди од вода и Дух, не може да влезе во цар­ството Божјо; зашто, роденото од тело, е тело; а роденото од Дух, е дух. Затоа, не чуди се што ти реков: вие треба да се родите одозгора. Ветрот дува каде што сака и гласот негов го слушаш, но не знаеш од каде иде и на каде оди; така е со секој човек роден од Духот.“ Никодим Му одговори и рече: „Како може тоа да биде?“ Исус одговори и му рече: „Ти си учител во Израел, па тоа ли не го зна­еш? Вистина, вистина ти велам: ние зборуваме за она што знаеме, и све­до­чи­ме за она, што сме виделе; а вие нашето сведоштво не го примате. Кога за земни работи ви зборувам и не верувате, како ќе поверувате кога би ви говорел за небесните? Никој не се искачил на небото, ос­вен Синот Човечки, Кој слезе од небото и Кој е на небото. И како што Мојсеј ја подигна змијата во пустината, така треба да се из­диг­не и Синот Човечки, та секој што верува во Него да не загине, но да има живот вечен. Зашто Бог толку го возљуби светот, што Го даде Својот Единороден Син, та секој што верува во Него да не загине, туку да има вечен живот. Зашто Бог не Го испрати Својот Син во светот за да му суди на светот, туку светот да се спаси преку Него.

Бесплатни планови за читање и побожни текстови поврзани со Јован 3:3-17