Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Јован 3:1-8

Јован 3:1-8 MK2006

Меѓу фарисеите имаше еден човек по име Никодим, началник јудејски. Тој дојде кај Исус ноќно време и Му рече: „Рави! Знаеме дека си Ти учител, дојден од Бога, зашто никој не може да ги прави овие чуда што ги правиш Ти, ако Бог не е со него.“ Исус му одговори и рече: „Вистина, вистина ти велам: ако некој не се роди одозгора, не може да го види царството Божјо.“ Никодим Му рече: „Како може чо­век да се роди кога е стар? Зар може по вторпат да влезе во утробата на мајка си и да се роди?“ А Исус му одговори: „Вистина, вис­тина ти велам: ако некој не се роди од вода и Дух, не може да влезе во цар­ството Божјо; зашто, роденото од тело, е тело; а роденото од Дух, е дух. Затоа, не чуди се што ти реков: вие треба да се родите одозгора. Ветрот дува каде што сака и гласот негов го слушаш, но не знаеш од каде иде и на каде оди; така е со секој човек роден од Духот.“

Бесплатни планови за читање и побожни текстови поврзани со Јован 3:1-8