Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Јован 3:1-8

Јован 3:1-8 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)

Меѓу фарисеите имаше еден човек по име Никодим, началник јудејски. Тој дојде кај Исус ноќно време и Му рече: „Рави! Знаеме дека си Ти учител, дојден од Бога, зашто никој не може да ги прави овие чуда што ги правиш Ти, ако Бог не е со него.“ Исус му одговори и рече: „Вистина, вистина ти велам: ако некој не се роди одозгора, не може да го види царството Божјо.“ Никодим Му рече: „Како може чо­век да се роди кога е стар? Зар може по вторпат да влезе во утробата на мајка си и да се роди?“ А Исус му одговори: „Вистина, вис­тина ти велам: ако некој не се роди од вода и Дух, не може да влезе во цар­ството Божјо; зашто, роденото од тело, е тело; а роденото од Дух, е дух. Затоа, не чуди се што ти реков: вие треба да се родите одозгора. Ветрот дува каде што сака и гласот негов го слушаш, но не знаеш од каде иде и на каде оди; така е со секој човек роден од Духот.“

Јован 3:1-8 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)

Меѓу фарисеите имаше еден човек по име Никодим, кој беше еврејски верски старешина. Тој дојде кај Исус ноќе и му рече: „Раби, знаеме дека Ти си учител дојден од Бог, зашто овие чуда што Ти ги правиш никој не може да ги прави, ако Бог не е со него!“ Исус му одговори: „Најсериозно ти велам: ако човек наново не се роди, не може да го види Божјото царство!“ „Како може стар човек наново да се роди!?“ - праша Никодим. „Може ли да се врати во утробата на својата мајка и повторно да се роди!?“ Исус му одговори: „Ти велам и ти нагласувам: ако човек не се роди од вода и Дух, не може да влезе во Божјото царство! Телото може да роди само тело, додека Светиот Дух раѓа нов, духовен живот, од небото. Не чуди се што ти реков: ,Морате наново да се родите!‘ Ветрот дува каде што сака. Звукот му го слушаш, но не знаеш од каде доаѓа и каде оди. Така е со секој што е роден од Духот.“

Јован 3:1-8 Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов (MKB)

А меѓу фарисеите имаше еден човек, по име Никодим, јудеј-ски старешина. Тој дојде ноќе при Исуса и Му рече: „Рави! Знаеме дека си дојден од Бога како Учи-тел; зашто никој не може да ги прави чудесата, што ги правиш Ти, ако Бог не е со него.“ Исус му одговори и рече: „Вистина, вистина, ти велам, ако некој не се роди одозгора, тој не може да го види Божјото Царство.“ Никодим Му рече: „Како може да се роди човек, кога е стар? Зар може по вторпат да влезе во утробата на мајка си и да се роди?“ Исус му одговори: „Вистина, вистина, ти велам: ако некој не се роди од вода и Дух, тој не може да влезе во Божјото Царство. Роденото од тело, тело е; а роденото од Дух, дух е. Не чуди се што ти реков: треба да се родите одозгора. Ветерот дува каде што сака, и го слушаш неговиот шум, а не знаеш од каде доаѓа и каде оди. Така е со секој, кој е роден од Дух.“