Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Јован 21:1-19

Јован 21:1-19 MK2006

Потоа пак им се јави Исус на учениците Свои кај Тиверијад­ското Море. А тоа се случи вака: беа заедно Симон Петар и Тома, ко­го го викаа Близнак, Натанаил од Кана Галилејска, Заведеевите синови и двајца други од учениците Негови. Симон Петар им рече: „Ќе одам да ловам риба.“ Му рекоа: „И ние ќе дој­де­ме со тебе.“ Тогаш излегоа и веднаш влегоа во кораб, но таа ноќ ништо не уловија. А кога се раздени, застана Исус на брегот, само учениците не го познаа дека е Исус. Исус им рече: „Чеда, имате ли неш­то за јадење?“ Му одговорија: „Не.“ А Тој им рече: „Фрлете ја мрежата од десната страна на коработ и ќе нај­де­те!“ Ја фрлија, и не можеа веќе да ја из­влечат од многу риби. Тогаш ученикот, што го сакаше Исус, му рече на Петар: „Тоа е Господ!“ А Симон Петар, штом чу дека е Гос­под, си ја препаша облеката – зашто бе­ше необлечен, и се фрли во морето. А другите ученици, влечејќи ја мре­жата со риби, дојдоа со кораб, зашто не беа далеку од брегот, но само околу двесте лакти. Кога пак излегоа на брегот, видоа накладен оган, и на него ставена риба и леб. Исус им рече: „Донесете од рибите што ги уловивте сега!“ А Симон Петар влезе и ја извлече мрежата на брегот, полна со крупни ри­би, на број сто педесет и три; и макар што беа толку многу, мрежата не се скина. Исус им рече: „Дојдете, јадете!“ И никој не смееше да Го праша: „Кој си Ти?“, зашто гледаа дека е Господ. Се приближи Исус, зеде леб и им даде, исто така и риба. Ова беше веќе третпат како им се јави Исус на учениците Свои, откако воскресна од мртвите. А кога завршија со јадењето, Исус му рече на Симон Петар: „Симоне Јо­ва­нов, Ме љубиш ли повеќе отколку овие?“ Петар Му рече: „Да, Господи, Ти знаеш дека Те љубам!“ Исус му рече: „Паси ги јагненцата Мои!“ Го праша пак, повторно: „Симоне Јованов, Ме љубиш ли?“ Петар Му ка­жа: „Да, Господи, Ти знаеш дека Те љубам!“ Исус му рече: „Паси ги овците Мои!“ И по третпат му рече: „Симоне Јо­ванов, Ме љубиш ли?“ Петар се нажали дека по третпат го праша: „Ме љубиш ли?“ И Му рече: „Господи, Ти сѐ знаеш; Ти знаеш дека Те љубам.“ Исус му рече: „Паси ги овците Мои! Вистина, вистина ти велам: кога бе­ше помлад, сам се препашуваше и оде­ше каде што сакаше; кога ќе остариш, ќе ги рашириш рацете свои, и друг ќе те препаша и поведе на каде што неј­ќеш.“ А ова го рече за да покаже со каква смрт ќе Го прослави Петар Бога. И штом го кажа тоа, му рече: „Врви по Мене!“

YouVersion користи колачиња за да го персонализира вашето искуство. Со користење на нашата веб-страница, ја прифаќате употребата на колачиња како што е опишано во нашата Политика за приватност