Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Јован 20:10-18

Јован 20:10-18 MK2006

Тогаш учениците се вратија дома. А Марија стоеше кај гробот однадвор и плачеше. И, плачејќи, се наведна над гробот; и виде два ангела во бели облеки како седат, едниот кај главата, а другиот кај нозете, каде што беше лежело телото Исусово. Тие ѝ рекоа: „Жено, зошто пла­чеш?“ Им одговори: „Го кренале Гос­под мој и не знам каде Го положиле!“ Штом го рече ова, се заврте назад и Го виде Исус како стои; но не знаеше дека е Исус. Исус ѝ рече: „Жено, зошто плачеш? Кого го бараш?“ Таа, мислејќи дека е градинарот, Му рече: „Господине, ако си Го зел Ти, кажи ми каде си Го по­ло­жил, и јас ќе Го земам.“ Исус ѝ рече: „Марија!“ Таа се заврти и Му рече: „Равуни“ – што значи: „Учителе!“ И рече Исус: „Не допирај се до Мене, зашто уште не сум се вратил кај Мојот Отец; туку отиди кај браќата Мои и кажи им: се враќам кај Својот Отец и вашиот Отец, кај Својот Бог и кај вашиот Бог.“ Дојде Марија Магдалена и им кажа на учениците дека Го видела Господ и дека тоа ѝ рекол.