Се приближуваше Пасха јудејска и Исус се искачи во Ерусалим; и ги затече во храмот оние што продаваа волови, овци и гулаби, и менувачите на пари – како седат. И направи камшик од врвци, ги избрка од храмот сите, и овците и воловите; а на менувачите им ги растури парите и ги испреврте масите, па им рече на оние што продаваа гулаби: „Носете го тоа одовде, и од домот на Мојот Отец немојте да правите дом за трговија!“ Учениците, пак, Негови тогаш се сетија дека е напишано: „Ревноста за Твојот дом Ме изеде.“ А Јудејците одговорија и Му рекоа: „Со каков знак ќе ни докажеш дека го правиш тоа?“ И им одговори Исус и рече: „Урнете го овој храм и за три дни ќе го подигнам.“ А Јудејците рекоа: „Овој храм е граден четириесет и шест години, а Ти за три дни ли ќе го подигнеш?“ Но Тој говореше за храмот на Своето тело. А кога воскресна од мртвите, се сетија учениците Негови дека за ова беше говорел, и поверуваа на Писмото и на зборот, што го беше рекол Исус.
Прочитај Јован 2
Слушај Јован 2
Сподели
Спореди ги сите верзии: Јован 2:13-22
Зачувај стихови, читај офлајн, гледај наставни клипови и уште многу повеќе!
YouVersion користи колачиња за да го персонализира вашето искуство. Со користење на нашата веб-страница, ја прифаќате употребата на колачиња како што е опишано во нашата Политика за приватност
Дома
Библија
Планови
Видеа