Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Јован 2:13-22

Јован 2:13-22 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)

Наближуваше еврејскиот празник Пасха па Исус се искачи во Ерусалим. Таму, пред храмот, Тој затекна продавачи на говеда, овци и гулаби, и менувачи на пари. Откако си направи камшик од јаже, ги избрка сите надвор, заедно со овците и говедата, а на менувачите им ги истури парите и им ги испреврте масите. На продавачите на гулаби им рече: „Изнесете ги одовде! Престанете да го претворате Домот на Мојот Татко во пазариште!“ Неговите ученици се сетија дека во Светото Писмо пишува: „Ревноста кон Божјиот Дом Ме изеде!“ По тој повод, еврејските верски водачи Му се обратија со прашањето: „Со каков чудотворен знак ќе ни докажеш дека имаш овластување да го правиш ова?“ Исус им одговори: „Разурнете го овој храм и Јас за три дена ќе го подигнам!“ Тогаш еврејските водачи Му рекоа: „Овој храм бил граден четириесет и шест години, а Ти би го подигнал за три дена!?“ Но, Тој им зборуваше за Своето тело како храм. Затоа, кога воскресна од мртвите, Неговите ученици си спомнаа на тоа што го рече, па поверуваа во Светото Писмо и во зборовите на Исус.

Јован 2:13-22 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)

Се приближуваше Пасха јудејска и Исус се искачи во Еру­са­лим; и ги затече во храмот оние што про­даваа волови, овци и гулаби, и менува­чите на пари – како седат. И направи камшик од врвци, ги из­брка од храмот сите, и овците и во­ло­ви­те; а на менувачите им ги растури па­ри­те и ги испреврте масите, па им рече на оние што продаваа гулаби: „Носете го тоа одовде, и од до­мот на Мојот Отец немојте да правите дом за трговија!“ Учениците, пак, Негови тогаш се сетија дека е напишано: „Ревноста за Твојот дом Ме изеде.“ А Јудејците одговорија и Му рекоа: „Со каков знак ќе ни докажеш дека го правиш тоа?“ И им одговори Исус и рече: „Ур­не­те го овој храм и за три дни ќе го подигнам.“ А Јудејците рекоа: „Овој храм е граден четириесет и шест години, а Ти за три дни ли ќе го подигнеш?“ Но Тој говореше за храмот на Сво­ето тело. А кога воскресна од мртвите, се се­тија учениците Негови дека за ова беше говорел, и поверуваа на Писмото и на зборот, што го беше рекол Исус.

Јован 2:13-22 Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов (MKB)

И беше близу јудејската Пасха и Исус се искачи во Ерусалим. И ги најде во Храмот продавачите на волови, овци и гулаби и мену-вачите на сребреници - како седат таму. Направи бич од јажиња и ги истера сите од Храмот, заедно со овците и воловите. На среброменувачите им ги истури сребрениците и им ги преврте масите. А на оние, кои продаваа гулаби им рече: „Однесете го тоа оттука! Не правете трговска куќа од Домот на Мојот Татко!“ Него-вите ученици се сетија дека е напишано: „Ревноста за Твојот Дом Ме изеде.“ Тогаш Јудејците Го прашаа: „Со каков знак ни го докажуваш тоа што го правиш?“ А Исус им одговори и рече: „Разурнете го овој Храм, и ќе го подигнам за три дни!“ Тогаш Јудејците рекоа: „Храмов е граден четириесет и шест години, а Ти за три дни ли ќе го подигнеш?“ Но Тој зборуваше за Храмот на Своето тело. Кога воскресна, пак, од мртвите, Неговите ученици се сетија дека го рече тоа; па им поверуваа на Писмото и на зборот, што Исус им го рече.

YouVersion користи колачиња за да го персонализира вашето искуство. Со користење на нашата веб-страница, ја прифаќате употребата на колачиња како што е опишано во нашата Политика за приватност