Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Јован 18:33-40

Јован 18:33-40 MK2006

Тогаш Пилат влезе во судницата, па Го повика Исус и Му рече: „Ти ли си Царот Јудејски?“ Исус му одговори: „Сам ли го збо­руваш тоа или други ти кажаа за Ме­не?“ Пилат одговори: „Та јас Јудеец ли сум? Твојот народ и првосвештениците Те предадоа на мене. Што си направил?“ Исус одговори: „Моето царство не е од овој свет; ако беше царството Мое од овој свет, тогаш Моите слуги би Ме бранеле, за да не им бидам предаден на Јудејците; но царството Мое сега не е овде.“ А Пилат Му рече: „Ти, пак, Цар ли си?“ Исус одговори: „Ти велиш дека сум Цар. Јас за тоа се родив и за тоа дојдов на светот, за да сведочам за вистината; секој, кој е од вистината, го слуша гласот Мој.“ Пилат Го праша: „Што е тоа вистина?“ И кога го рече ова, излезе пак кај Јудејците и им рече: „Јас не наоѓам ни­каква вина во Него. Но кај вас е обичај да ви пуштам по еден за Пасха. Сакате ли да ви Го пуш­там Царот Јудејски?“ И пак повикаа сите, велејќи: „Не Овој, туку Варава.“ Варава, пак, беше разбојник.