Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Јован 18:33-40

Јован 18:33-40 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)

Тогаш Пилат се врати во палатата, Го повика Исуса, и Го праша: „Ти ли си царот на Евреите?“ Исус одговори: „Од тебе ли потекнува ова прашање, или други ти кажувале за Мене?“ „Зар сум јас Евреин?“ - одговори Пилат. „Твојот народ и свештеничките поглавари Те предадоа кај мене. Што си сторил?“ Исус одговори: „Моето царство не е од овој свет. Да беше Моето царство од овој свет, Моите следбеници ќе се бореа да не им паднам во рацете на еврејските верски водачи. Не, Моето царство не е одовде.“ Тогаш Пилат Му рече: „Значи, сепак Ти си цар!?“ „Ти рече дека сум цар“ - одговори Исус. „Јас се родив и дојдов на светот за да бидам сведок за вистината. Секој што ја сака вистината, ќе познае дека ја зборувам вистината и ќе Ме слуша.“ Пилат Го праша Исуса: „Што е тоа вистина?“ Штом го рече тоа, повторно излезе кај Евреите и им рече: „Јас не наоѓам никаква вина кај Него. Но, кај вас постои обичај секоја година да барате да ви ослободам по еден затвореник за време на Пасхата. Сакате ли да ви Го ослободам царот на Евреите?“ Тие му одговорија со викотница: „Не Него, туку Бараба!“ А Бараба беше бунтовник и убиец, кој се наоѓаше в затвор.

Јован 18:33-40 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)

Тогаш Пилат влезе во судницата, па Го повика Исус и Му рече: „Ти ли си Царот Јудејски?“ Исус му одговори: „Сам ли го збо­руваш тоа или други ти кажаа за Ме­не?“ Пилат одговори: „Та јас Јудеец ли сум? Твојот народ и првосвештениците Те предадоа на мене. Што си направил?“ Исус одговори: „Моето царство не е од овој свет; ако беше царството Мое од овој свет, тогаш Моите слуги би Ме бранеле, за да не им бидам предаден на Јудејците; но царството Мое сега не е овде.“ А Пилат Му рече: „Ти, пак, Цар ли си?“ Исус одговори: „Ти велиш дека сум Цар. Јас за тоа се родив и за тоа дојдов на светот, за да сведочам за вистината; секој, кој е од вистината, го слуша гласот Мој.“ Пилат Го праша: „Што е тоа вистина?“ И кога го рече ова, излезе пак кај Јудејците и им рече: „Јас не наоѓам ни­каква вина во Него. Но кај вас е обичај да ви пуштам по еден за Пасха. Сакате ли да ви Го пуш­там Царот Јудејски?“ И пак повикаа сите, велејќи: „Не Овој, туку Варава.“ Варава, пак, беше разбојник.

Јован 18:33-40 Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов (MKB)

Потоа Пилат се врати во преторијата, Го повика Исуса и Му рече: „Ти ли си Јудејскиот Цар?“ Исус одговори: „Го зборуваш ли тоа сам од себе, или други ти кажаа за Мене?“ Пилат одго-вори: „Јудеец ли сум јас? Твојот народ и првосвештениците Те предадоа на мене. Што си сторил?“ Исус одговори: „Моето Царство не е од светов; ако Моето Царство беше од овој свет, Моите воини би се бореле да не им бидам предаден на Јудејците; но Моето Царство не е оттука.“ Пилат на тоа му рече: „Сепак си Цар?“ Исус одговори: „Ти велиш дека Сум Цар. Јас се родив за тоа и за тоа дојдов на светот, за да сведочам за вистината. Секој - кој е од вистината - го слуша Мојот глас.“ Пилат Му рече: „Што е вистина?“ Штом го рече тоа, излезе пак при Јудејците и им рече: „Јас не наоѓам никаква вина во Него. А при вас е обичај да ви пуштам по еден на Пасхата. И така, сакате ли да ви Го пуштам Јудејскиот Цар?“ Тогаш повто-рно извикаа, велејќи: „Не Овој, туку Варава!“ А Варава беше разбојник.