Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Јован 15:18-27

Јован 15:18-27 MK2006

„Ако светот ве мрази, знајте дека мене светот уште пред вас Ме замрази. Да бевте од овој свет, тогаш светот ќе го љубеше своето; но бидејќи не сте од светот, туку Јас ве избрав од светот – затоа светот и ве мрази. Помнете ги зборовите што ви ги реков Јас: ниеден слуга не е поголем од својот господар. Ако Мене Ме гонеа, и вас ќе ве гонат; ако Моите зборови ги запазија, и вашите ќе ги запазат. Но, сето ова ќе ви го прават заради Моето име, зашто не Го знаат Оној Кој Ме испрати. Да не бев дошол и да не им бев збо­рувал, грев немаше да имаат. Но сега тие немаат изговор за својот грев. Кој Ме мрази мене, Го мрази и Мо­јот Отец. Ако не бев направил меѓу нив дела, какви што никој друг не направил, грев немаше да имаат; а сега и видоа, и Ме замразија Мене и Мојот Отец. Но нека се изврши словото на­пи­ша­но во нивниот Закон дека Ме замразија без вина. А кога ќе дојде Утешителот, Кого што ќе Го испратам Јас од Отецот, Ду­хот на Вистината, Кој излегува од Оте­цот, Тој ќе сведочи за Мене; а и вие ќе сведочите, бидејќи од по­четокот сте со Мене.“

YouVersion користи колачиња за да го персонализира вашето искуство. Со користење на нашата веб-страница, ја прифаќате употребата на колачиња како што е опишано во нашата Политика за приватност