Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Јован 15:18-27

Јован 15:18-27 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)

„Кога луѓето од овој свет ќе ве мразат, сетете се дека прво Мене Ме замразија. Да му припаѓавте на светот, тој ќе ве сакаше како свои. Но Јас ве избрав од светот и вие не му припаѓате на светот; затоа светот ве мрази. Спомнете си на зборовите што ви ги кажав: ?Слугата не е поголем од својот господар‘. Штом Мене Ме прогонуваа, и вас ќе ве прогонуваат. Штом Моето учење го слушаа, ќе го слушаат и вашето. Но, сето ова ќе ви го прават заради Моето име, зашто не Го познаваат Оној што Ме испрати. Да не дојдев и да не им зборував, немаше да бидат виновни за грев. Но сега немаат изговор за своите гревови. Кој Ме мрази Мене - Го мрази и Мојот Татко. Да не бев направил чуда меѓу нив, какви што никој друг не направил, немаше да бидат виновни за грев. Но тие, и покрај тоа што ги видоа Моите дела, сепак не замразија и Мене и Мојот Татко. Но ова е за да се исполни претскажаното во Светото Писмо: ,Без причина Ме замразија‘. Кога ќе дојде Помошникот - Духот на вистината, Кој произлегува од Таткото и Кого Јас ќе ви го пратам од Таткото - Тој ќе ја објавува вистината за Мене. А и вие ќе ја објавувате вистината за Мене, затоа што од почеток сте со Мене.“

Јован 15:18-27 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)

„Ако светот ве мрази, знајте дека мене светот уште пред вас Ме замрази. Да бевте од овој свет, тогаш светот ќе го љубеше своето; но бидејќи не сте од светот, туку Јас ве избрав од светот – затоа светот и ве мрази. Помнете ги зборовите што ви ги реков Јас: ниеден слуга не е поголем од својот господар. Ако Мене Ме гонеа, и вас ќе ве гонат; ако Моите зборови ги запазија, и вашите ќе ги запазат. Но, сето ова ќе ви го прават заради Моето име, зашто не Го знаат Оној Кој Ме испрати. Да не бев дошол и да не им бев збо­рувал, грев немаше да имаат. Но сега тие немаат изговор за својот грев. Кој Ме мрази мене, Го мрази и Мо­јот Отец. Ако не бев направил меѓу нив дела, какви што никој друг не направил, грев немаше да имаат; а сега и видоа, и Ме замразија Мене и Мојот Отец. Но нека се изврши словото на­пи­ша­но во нивниот Закон дека Ме замразија без вина. А кога ќе дојде Утешителот, Кого што ќе Го испратам Јас од Отецот, Ду­хот на Вистината, Кој излегува од Оте­цот, Тој ќе сведочи за Мене; а и вие ќе сведочите, бидејќи од по­четокот сте со Мене.“

Јован 15:18-27 Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов (MKB)

“Ако светот ве мрази, знајте дека Мене Ме мразеше пред вас! Ако бевте од овој свет, светот би ги љубел своите; но бидејќи не сте од светов - туку Јас ве избрав од светот - затоа светот ве мрази. Помнете го зборот што ви го реков: ‘Слугата не е поголем од својот господар!’ Ако Ме гонеа Мене, ќе ве гонат и вас; ако го пазеа Моето Слово, ќе го пазат и вашето. Туку, сѐ ова ќе ви го прават заради Моето име, зашто не Го познават Оној, Кој Ме пратил. Да не дојдев и да не им зборував, немаше да имаат грев; но сега немаат изговор за својот грев. Кој Ме мрази Мене, Го мрази и Мојот Татко. Да не направев, меѓу нив дела какви никој друг не направил, немаше да имаат грев; но сега видоа и пак нѐ замразија Мене и Мојот Татко. Туку, треба да се исполни словото, запишано во нивниот Закон: ‘Ме замразија без причина!’ “А кога ќе дојде Утешителот, Кого Јас ќе ви Го испратам од Таткото, Духот на Вистината, Кој излегува од Таткото, Тој ќе сведочи за Мене; а и вие ќе сведочите, зашто сте со Мене од почетокот.“