Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Јован 13:21-30

Јован 13:21-30 MK2006

Штом го рече ова, Исус, потресен во духот, посведочи и рече: „Вистина, вистина ви зборувам дека еден од вас ќе Ме предаде.“ Тогаш учениците почнаа да се пог­леднуваат еден со друг, не разбирајќи за кого зборува. А еден од учениците, кого Исус го сакаше, беше се навалил на градите Исусови. Нему му даде знак Симон Петар да праша кој ли ќе е тој за кого што го­вори. Тој, пак, се навали на градите Ису­сови и Му рече: „Кој е Господи?“ Исус одговори: „Оној е, на кого Јас ќе му натопам залак и ќе му го по­да­дам.“ И кога натопи залак, му го подаде на Јуда Симонов Искариот. И тогаш, по залакот, сатаната влезе во него. А Исус му рече: „Што ќе пра­виш, прави побргу!“ А никој од оние што седеа на тр­пе­зата не разбраа зошто му го рече тоа. Но, бидејќи Јуда го чуваше ков­че­жето, некои помислија дека Исус му ре­че: „Купи што ни треба за празникот!“ или да раздаде нешто на сиромасите. А тој, штом го зеде залакот, веднаш излезе. А беше ноќ.