Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Јован 12:20-36

Јован 12:20-36 MK2006

Меѓу дојдените за празникот на поклонение имаше и некои Елини. Тие пристапија кон Филип, кој беше од Витсаида Галилејска, и го молеа, ве­лејќи: „Господине, сакаме да Го видиме Исус.“ Дојде Филип и му кажа на Андреј, а Андреј и Филип Му кажаа на Исус. Исус, пак, им одговори, велејќи: „Дојде часот да се прослави Синот Чо­вечки. Вистина, вистина ви велам: ако зрното пченично, што паднало на земја, не умре, останува само; а ако умре – ќе донесе голем плод. Кој го сака животот свој, ќе го загуби; а кој го мрази животот свој на овој свет, ќе го запази за вечен живот. Кој Ми служи Мене, нека врви по Мене, и каде што сум Јас, таму ќе биде и Мојот слуга. И кој Ми служи Мене, него ќе го уважува и Мојот Отец. Душата сега Ми се нажали, и што да кажам? Оче, избави Ме од овој час! Но, заради тоа и дојдов за овој час. Оче, прослави го името Свое!“ То­гаш дојде глас од небото: „И Го прославив, и пак ќе Го прославам.“ А народот што стоеше, кога го чу тоа, велеше: „Загрми!“, други, пак, ре­коа: „Ангел Му проговори!“ Исус одговори и рече: „Овој глас не беше заради Мене, туку заради вас. Сега е судот на овој свет; сега кнезот на овој свет ќе биде исфрлен надвор. И кога Јас ќе бидам издигнат од земјата, сите ќе ги привлечам кон Се­бе.“ А ова го зборуваше за да покаже со каква смрт ќе умре. Народот Му одговори: „Сме слу­ша­ле од Законот дека Христос вечно ќе остане, а како Ти велиш дека Синот Чо­вечки треба да биде издигнат? Кој е Тој Син Човечки?“ Тогаш Христос им рече: „Уште малку време Светлината е со вас; одете додека има Светлина за да не ве опфати темнина; а кој оди по темнина, не знае каде оди. Додека ја имате Светлината, верувајте во светлината, за да бидете синови на Светлината!“ Штом го рече тоа, Исус си замина и се сокри од нив.