На шест дни пред Пасха дојде Исус во Витанија, каде што беше умрениот Лазар, кого го воскресна од мртвите. Таму Му приготвија вечера и Марта послужуваше, а Лазар беше еден од оние што седеа на трпезата. А Марија зеде литар чисто скапоцено миро, ги помаза нозете Исусови и ги избриша со косата своја нозете Негови; а куќата се исполни со мирис од мирото. Еден од учениците Негови, Јуда Симонов Искариот, кој подоцна Го предаде, рече: „Зошто не се продаде ова миро за триста денарии, и тоа да се раздадеше на сиромаси?“ Ова тој го рече не дека се грижеше за сиромасите, туку зашто беше крадец. Тој го чуваше ковчежето и крадеше од она што пуштаа во него. А Исус рече: „Оставете ја! Таа го запази тоа за денот на Мојот погреб; зашто сиромасите ги имате секогаш покрај себе, а Мене Ме немате секогаш.“ Мнозина од Јудејците разбраа дека Исус е таму, па дојдоа не само заради Исус, туку да го видат и Лазар, кого Тој го воскресна од мртвите. А првосвештениците се договорија да го убијат и Лазар, зашто мнозина од Јудејците се издвојуваа поради него и веруваа во Исус.
Прочитај Јован 12
Слушај Јован 12
Сподели
Спореди ги сите верзии: Јован 12:1-11
Зачувај стихови, читај офлајн, гледај наставни клипови и уште многу повеќе!
Дома
Библија
Планови
Видеа