Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Јован 11:17-35

Јован 11:17-35 MK2006

Кога дојде Исус, откри дека тој ве­ќе четири дена е во гроб. А Витанија беше близу до Еру­са­лим, околу петнаесет стадии; и мнозина Јудејци беа дошле кај Марта и Марија да ги утешат за нив­ни­от брат. Кога чу Марта дека доаѓа Исус, из­лезе пред Него; а Марија седеше дома. Тогаш Марта Му рече на Исус: „Господи, ако беше Ти овде, брат ми не­маше да умре. Но и сега знам што и да посакаш од Бога, Бог ќе ти даде.“ Исус ѝ рече: „Твојот брат ќе вос­кресне!“ Марта Му рече: „Знам дека ќе воскресне при воскресението, во пос­ледниот ден.“ А Исус ѝ рече: „Јас сум воскресени­ето и животот; кој верува во Мене, и да умре, ќе живее. И секој што живее и верува во Ме­не, нема да умре довека. Го веруваш ли тоа?“ Таа Му одговори: „Да, Господи, јас поверував дека си Ти Христос, Синот Божји, што треба да дојде во светот.“ Штом го рече тоа, отиде и ја повика сестра си Марија тајно, велејќи: „Учителот е овде и те вика.“ Таа кога чу, стана бргу и отиде кај Него; зашто Исус уште не беше дошол во селото, а стоеше каде што Го беше до­чекала Марта. Јудејците, што беа со неа дома и ја утешуваа, кога видоа дека Марија стана бргу и излезе, отидоа и тие по неа, мислејќи дека ќе оди на гробот да плаче. А Марија, штом пристигна таму ка­де што беше Исус и кога Го виде, падна пред нозете Негови и рече: „Господи, да беше ти овде, немаше да умре брат ми!“ Исус, пак, кога ја виде како плаче, и Јудејците што беа дошле со неа како плачат, се натажи и се потресе, па рече: „Каде сте го положиле?“ Му рекоа: „Господи, дојди и види!“ Исус просолзи.

Бесплатни планови за читање и побожни текстови поврзани со Јован 11:17-35