Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Јован 10:1-16

Јован 10:1-16 MK2006

„Вистина, вистина ви велам: кој не влегува низ вратата во овчото трло, а прескокнува од друга страна, крадец е и разбојник; а кој влегува низ вратата, пастир е на овците; нему вратарот му отвора и овците го слушаат гласот негов, тој ги вика свои­те овци по име и ги изведува. И кога ќе ги изведе овците свои, оди пред нив, овците одат по него, бидејќи го познаваат гласот негов; а по туѓ човек не одат, туку бегаат од него, зашто гласот на туѓиот не го познаваат.“ Оваа парабола им ја кажа Исус, но тие не разбраа што сакаше да им каже со неа. Тогаш Исус пак им рече: „Вистина, вистина ви велам: Јас сум вратата за ов­ците. Сите, колку што дојдоа пред Мене, крадци се и разбојници; но овците не ги послушаа. Јас сум вратата: кој ќе влезе преку Мене, ќе се спаси; и ќе влезе, и ќе из­ле­зе, и пасиште ќе најде. Крадецот доаѓа само да украде, да убие и да погуби. Јас дојдов за да имаат живот и да го имаат во изобилие. Јас сум добриот Пастир. Добриот пастир си ја полага својата душа за ов­ците; а наемникот, кој не е пастир и не е сопственик на овците, ако види дека до­аѓа волк, ги остава овците и бега; и вол­кот ги разграбува и ги распрснува ов­ци­те. Наемникот бега, зашто е наемник, и не се грижи за овците. Јас сум добриот Пастир; и ги знам Моите, и Моите Ме знаат Мене. Како Мене што Ме познава Отецот, така и Јас Го познавам Отецот; и ду­ша­та Своја ја полагам за овците Свои. И други овци имам, што не се од ова трло, и нив треба да ги приберам; и ќе го чујат гласот Мој и ќе биде едно стадо и еден пастир.

Бесплатни планови за читање и побожни текстови поврзани со Јован 10:1-16