Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Еремија 51

51
Вавилон ќе биде разурнат
1 # 51,11 Така вели Господ: еве, Јас ќе подигнам уривачки ветар против Вавилон и против Моите противници, што живеат во него; 2#15,7и ќе испратам против Вавилон веа­чи, што ќе го развеат, и ќе ја опустошат земјата негова, бидејќи во кобниот ден за него ќе нападнат врз него од сите страни; 3стрелец нека оптегне лак на стре­лец, и против оној, што се гордее со својот оклоп; не штедете ги младите негови, сотрете ја целата војска негова. 4#50,30; 51,52Удрените нека паднат на халдејската земја и стреланите – по патиштата нејзини. 5#50,29; Ис 54,4-8Зашто, не е оставен Израел сам, ни­ту Јуда, од својот Бог, Господ Саваот, иако им е земјата полна со гревови пред Светецот Израелов. 6#50,8.29; 51,24; 1 Мојс 19,15-17; Откр 18,4Бегајте од Вавилон и секој нека ја спасува душата своја, за да не загине од беззаконијата негови, зашто тоа е време на одмазда за Господ: Тој му отплатува како што заслужил. 7#25,16; Пс 75,8; Откр 14,8Вавилон беше во раката Господова како златна чаша, што ја опиваше целата земја; народите пиеја од неа вино, и обезумуваа. 8#8,22; Откр 18,2.9Ненадејно падна Вавилон и се скрши; плачете за него, земете балсам за раните негови, можеби тој и ќе оздрави. 9#30,12; 46,11; 51,45; Јона 1,2; Откр 18,5Го лекувавме Вавилон, но не оздра­ве; оставете го, и да си одиме секој во земјата своја, бидејќи пресудата за него стигна до небесата и се дигна до об­лаците. 10Господ ја изведе на видело нашата правда; да појдеме и да го соопштиме во Сион делото на нашиот Господ Бог.
Господ сака да се разурне Вавилон
11 # 51,29; 46,10; 50,15; 51,6 Острете ги стрелите, ставете ги во торбите за нив; Господ го поттикна духот на царевите од Мидија; бидејќи Тој науми нешто против Вавилон, за да го уништи, зашто тоа е одмазда од Господ, одмазда за Неговиот храм. 12Дигнете знамиња на вавилонските ѕидови, засилете го надзорот, поставете стражи, пригответе заседи, зашто, како што замислил Господ, така и ќе го на­прави она што го изрече против жите­лите вавилонски. 13#Откр 17,1.15О, ти, што живееш покрај големите води, кој изобилуваш со ризници, дојде крајот твој, и на твојата лакомост! 14#22,5; 51,27; Наум 3,17Господ Саваот се заколна Сам во Себе: вистина велам дека ќе те исполнам со луѓе како со скакулци, и ќе подигнам воен повик против тебе.
Славопој
15 # Ис 45,18 Тој ја создаде земјата со силата Своја, и ја утврди вселената со мудроста Своја и со разумот Свој ги рас­простре небесата. 16#14,22; 5 Мојс 28,12; Јов; 38,34-35Кога гласот ќе Му заечи, шумат водите небесни, и Тој ги подига облаци­те од краиштата земни, пушта светка­вици со дожд и изведува ветер од клетовите Свои. 17#2,5; Ис 2,20; 42,17; 45,16Безумен е човекот во своето знае­ње, секој леар ќе се засрами со идолите свои, зашто идолот е лага, и нема дух во него. 18Тие се ништожни, дела на заблуда; во времето на нивната казна тие ќе про­паднат. 19#5 Мојс 32,9; Зах 2,12; Ер 51,57Не е таков Господ, делот на Јаков, зашто Бог е Создателот на сѐ, и Израел е народ на Неговото наследство, името Негово е Господ Саваот.
Божји чекан
20 # 50,23 Ти беше Мој чекан, бојно оружје; со тебе народите ги победував и со тебе царства сосипував; 21со тебе поразував коњ и неговиот јавач, и со тебе поразував кола и нејзи­ниот возач; 22#Ис 13,18; 2 Лет 36,17со тебе сотирав маж и жена, со тебе убивав стар и млад, со тебе уништував и момче и мома; 23со тебе уништував пастир и неговото стадо, со тебе го убивав земјоделецот и неговиот добиток за работа, со тебе поразував и обласни началници и град­ски управители. 24И ќе му отплатам на Вавилон и на сите жители халдејски за сето она зло, што му го направија на Сион пред очи­те ваши, вели Господ. 25#21,13; Ез 13,8; 28,22; Откр 8,7-8; 18,9Еве, Јас сум против тебе погубна горо, вели Господ, што ја разорува це­лата земја; и ќе ја протегнам против тебе раката Своја, ќе те симнам од кар­пите и ќе те направам обгорена планина. 26#Ис 28,16И од тебе нема да земат камен за агол, ниту камен за темели, туку ќе бидеш вечна пустелија, вели Господ.
Народи ќе го нападнат Вавилон
27 # 4,5-6; 51,12; 6,4 Подигнете знаме на земјата, трубете со труба меѓу народите, вооружете ги против него народите, повикајте ги против него царствата на Арарат, на Ми­ни и на Ашкеназ, изберете водач про­­тив него, збоднете ги коњите како страшни скакулци. 28Вооружете ги народите против не­го, царевите на Мидија, нејзините об­ласни началници и сите нејзини градски управители и целата земја, што ѝ е пот­чинета. 29#50,45-46Земјата се тресе и потреперува, заш­то над Вавилон се извршуваат за­мислите на Господ, за да ја направи земјата вавилонска пустина без жители. 30Вавилонските борци престанаа да се борат, седат во своите тврдини; се исцрпи силата нивна, станаа како жени, живеалиштата нивни се изгорени, резињата нивни се скршени; 31#Јов 1,14-19гласник брза по гласник, известувач спроти известувач, за да му кажат на вавилонскиот цар дека му е градот од сите страни освоен; 32и дека бродовите му се земени, а оградите изгорени со оган, и дека војниците од страв се поразени. 33#Ис 21,10Зашто, вака вели Господ Саваот, Бог Израелов: ќерката вавилонска е како на гумно, кога се врши на него; уште малку и ќе дојде време за нејзината жетва.
Вавилон ќе плати!
34 # Ис 27,1; Јов 7,12 Ме јадеше и ме гризеше Навуходо­носор, царот вавилонски; ме направи празен сад; ме проголта како змеј; ја наполни својата утроба со сладостите мои, и ме фрли. 35#Мт 27,25Неправдата над мене и над телото мое нека биде врз Вавилон, ќе рече жителката Сионова, и крвта моја – врз жителите халдејски, ќе рече Ерусалим.
Господ ќе му се одмазди на Вавилон
36 # 50,38; Ис 44,27 Затоа вака вели Господ: еве, Јас ќе се застапам за твоето дело и ќе отпла­там за тебе, па ќе го пресушам морето негово и ќе ги исушам каналите негови. 37#9,10; 50,13.39; Ис 25,2И Вавилон ќе стане купиште на урнатини, живеалиште на чакали, за ужас и за потсмев, без жители. 38#2,15; Пс 104,21; Ис 21,5Како лавови ќе завиваат сите тие и како мали лавчиња ќе 'ржат. 39#13,13; 51,57.64; Наум 2,12А кога ќе се загреат, ќе им дадам гозба и ќе ги опијам, за да се развеселат, за да заспијат со вечен сон и да не се разбудат, вели Господ. 40#50,27Ќе ги потерам како јагниња на кла­ње, како овни и козли. 41#25,26; 48,17; 51,31Како се презеде Шешах#51,41 Вавилон, и беше победена славата на целата земја! Како стана Вавилон за ужас меѓу народите! 42#Наум 2,7Морето го проголта Вавилон; тој е сега покриен од брановите. 43Градовите негови станаа пустина, сува земја, пустелија, земја каде што не живее ниту еден човек и каде што не поминува син човечки. 44#50,2; 51,34; Езд 1,7; Ер 51,58И ќе го казнам Вил во Вавилон и ќе истргнам од устата негова сѐ што проголтал, и народите нема веќе да брзаат кон него, дури и ѕидовите вавилонски ќе паднат.
Надеж од Господ
45 # 25,38; 50,13.16; 51,9 Излези од него, народе Мој, и секој нека ја спасува душата своја од јаросниот гнев Господов. 46#Мт 24,6Нека не ослабува срцето ваше и не плашете се од гласот, што ќе се чуе по земјата; гласот ќе дојде во една година и потоа во друга година, и на земјата ќе се појави насилство, властодржец ќе стане против властодржец. 47Затоа, еве, идат денови, кога ќе ги казнам идолите на Вавилон и целата негова земја ќе се засрами и сите негови поразени ќе паднат во него. 48#Ис 44,23; Откр 18,20И ќе ликуваат над Вавилон небото и земјата и сѐ друго што е во нив; зашто од север ќе му дојдат сотирачите, вели Господ. 49#51,24Како што Вавилон направи да паднат на земја поразените Израелци, така во Вавилон ќе бидат соборени поразе­ните по целата земја. 50#44,28; Пс 137,5Вие, кои се спасивте од меч, бегајте и не запирајте се, сетете се во далечната земја за Господ, и на срцето ваше нека ви дојде Ерусалим. 51#Пс 79,1; Плач 1,10Ни беше срам, кога ги чувме пору­гите; бесчестие ги покриваше лицата наши, кога туѓинци влегоа во свети­лиштето на домот Господов. 52#50,2.38; 51,47; Јов 24,12Затоа, еве, идат дни, вели Господ, кога ќе ги казнам идолите негови, и по целата негова земја ќе офкаат ране­тите. 53#49,16; Ис 14,13; Јов 20,6Кога би се дигнал Вавилон и до небесата и кога високо би си ја зац­врс­тил тврдината своја, од Мене ќе му дојдат пустошниците, вели Господ.
Вавилон ќе биде разурнат
54Екот и пискот ќе одекнуваат од Ва­вилон, и рушење големо – од земјата халдејска; 55зашто Господ ќе го опустоши Вави­лон, и ќе стави крај на неговиот горделив глас. Ќе зашумат брановите како на големи води, ќе заечи неговиот шумен глас. 56Зашто ќе дојде врз него, врз Вави­лон, пустошникот и ќе бидат фатени војниците негови, ќе бидат скршени лаковите негови; бидејќи Господ, Бог на одмаздата, ќе се одмазди. 57#3,11.18; 48,26; 51,39И ќе се опијат кнезовите негови и мудреците негови, неговите обласни началници и неговите градски управи­тели, и војниците негови, па ќе заспијат со вечен сон и нема да се разбудат, вели Царот, Господ Саваот е името Негово. 58#50,15; 51,44; Авак 2,13Така вели Господ Саваот: дебелите ѕидови вавилонски ќе бидат разрушени до темели, и неговите високи порти ќе бидат изгорени со оган; па така, залудно се трудеа народите и племињата, зашто ќе завршат в оган!
Порака за Сераја
59 # 28,1; 32,12 Слово што пророк Еремија му го заповеда на Сераја, синот на Нерија, Махсеев син, кога тој појде за Вавилон со Седекија, царот јудејски, во четвртата година од неговото царување; Сераја беше главен коморник. 60#36,2Еремија ги запиша во една книга сите зла, што требаше да го снајдат Ва­вилон, сите тие зборови, што беа напи­шани против Вавилон. 61И му рече Еремија на Сераја: кога ќе влезеш во Вавилон, тогаш погледај и прочитај ги сите овие зборови, 62#50,3; 51,26и кажи: Господи, Ти рече за ова место дека ќе го уништиш така, што да не остане во него ни човек, ни добиток, туку ќе стане вечна пустина. 63И кога ќе завршиш со читањето на оваа книга, врзи за неа камен, па фрли ја среде Еуфрат, 64#50,32; Откр 18,21и кажи: нека потоне Вавилон и да не се опорави од оваа несреќа, која Јас ќе ја испратам врз него, и тие наполно ќе папсаат. Дотука се зборовите на Ере­мија.

Селектирано:

Еремија 51: MK2006

Нагласи

Сподели

Копирај

None

Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се