Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Еремија 50

50
Пророкување за пропаста на Вавилон
1 # Ис 13; 21,1-10 Слово што Господ го кажа преку пророкот Еремија за Ва­вилон и за земјата халдејска: 2#50,38; Ис 21,9; 46,1„Соопштете и разгласете меѓу народите, подигнете знаме, објавете, не криј­те, зборувајте: Вавилон падна, Вил е посрамен, Меродах е скршен, богови­те негови се посрамени, идолите негови се скршени. 3Зашто од север се подигна врз него народ, кој ќе ја направи земјата негова пустина и никој нема да живее таму, и човек, и добиток, сѐ ќе се крене и ќе се разотидат.
Израелците и Јудејците ќе се вратат во својата земја
4 # 31,9; Ос 3,5 Во оние денови и во она време, вели Господ, ќе дојдат синовите Израелови, тие и синовите Јудини, заедно, ќе одат, ќе плачат и ќе Го побараат својот Господ Бог; 5#31,3; 32,40ќе прашаат за патот кон Сион и, свртени со лицето кон него, ќе велат: одете и присоединете се кон Господ со вечен завет, кој нема да се заборави. 6#23,1; 50,17; Зах 10,2Народот Мој беше како загубено стадо; пастирите негови го оттргнаа од патот, па скитаа по планините; од гора на рид и го заборавија леглото свое. 7#2,3; 14,8; 30,16; 31,23Сите, што ги наоѓаа, ги изедуваа, и непријателите им велеа: не сме ви­новни, зашто тие згрешиле пред Гос­под, пред живеалиштето на правдата, и пред Господ, надежта на татковците нивни. 8#50,16; 51,6.45; Ис 48,20; Зах 2,10-11Бегајте од Вавилон, заминете од земјата халдејска и бидете како кози пред стадо од овци. 9#25,14; 50,41; 51,27.48Зашто, еве, Јас ќе подигнам и ќе доведам врз Вавилон големо мноштво од народи од северната земја, и ќе застанат против него, и тој ќе биде преземен: стрелите нивни, како на искусни јунаци, напразно нема да се враќаат. 10И Халдеја ќе стане нивни плен; и оние, што ќе ја опустошат, ќе се на­ситат, вели Господ.
Вавилон ќе биде понижен
11 # Плач 4,21 Зашто вие, грабачи на Моето нас­ледство, се веселевте, прославувавте, потскокнувавте од радост, како јуници на трева, и 'ржевте како бојни коњи. 12За голем срам ќе стане мајката ва­ша, ќе црвенее онаа што ве родила; ете, иднината на тие народи ќе биде пустина, земја сува и пустелија. 13#4,26; 10,10; 12,13; 25,37; Ис 13,13; 49,17Од гневот Господов таа ќе стане ненаселена и целата ќе запусти; и секој, што ќе мине низ Вавилон, ќе се вчудовиди и ќе си потсвирне, гледајќи ги сите рани негови. 14#50,9.29Наредете се во боен ред околу Вавилон, вие сите, кои затегнувате лак, стрелајте во него, не жалете ги стрелите, бидејќи тој згреши против Господ. 15#4,19; 20,16; Ис.Н. 6,5.20; Ис 44,23; 5,9; 51,6Нека одекнува восклик одсекаде: тој се предава! Паднаа тврдините него­ви, испопаѓаа ѕидовите негови, зашто тоа е Господовата отплата; одмаздувај­те му се; како што постапуваше тој, така постапувајте и вие со него. 16#25,38; 51,9.45; Ис 13,14Истребете во Вавилон и сеач, и жетвар; од страв пред опасниот меч секој нека се врати во својот народ и секој нека бега во земјата своја. 17#2,15; 50,6; Ис 5,29Израел е распрснато стадо; го гонеа лавови; најнапред го гризеше асирскиот цар, а потоа Навуходоносор, царот ва­вилонски, и коските му ги здроби. 18#9,8; Ис 10,12Затоа, така вели Господ Саваот, Бог Израелов: еве, Јас ќе го казнам ва­вилонскиот цар и земјата негова, како што го казнив асирскиот цар; 19#23,3и ќе го вратам Израел на неговото пасиште, и ќе си пасе по Кармил и по Башан, и душата негова ќе се наситува на Гората Ефремова и во Галаад. 20#3,22; 31,34; Ис 33,24; Пс 10,15Во оние дни и во она време, вели Господ, Јас ќе побарам грев во Израел и нема да го има, и гревовите на Јуда и нема да се најдат; бидејќи ќе им прос­там на оние, што ќе останат живи.
Господ против Вавилон
21 # 50,26-27; 51,3 Појди против неа, против бунтовната земја и казни ги нејзините жители: пустоши и истребувај сѐ по нив, вели Господ, и направи сѐ што ти заповедав. 22Шум голем од борба ќе се крене по земјата и големо разурнување. 23#51,41; Ис 10,5; 14,5Како се скрши и како се разби чека­нот по целата земја, како ли Вавилон стана ужас меѓу народите! 24Јас поставив стапици за тебе, и те фатив, Вавилоне, иако ти не го предвиде тоа; се најде и беше фатен, зашто стана против Господ. 25Господ ја отвори ризницата Своја и оттаму го зеде оружјето на гневот Свој, зашто тоа е дело на Господ Седржите­лот во земјата халдејска. 26#50,21Појдете против неа од сите краиш­та, отворајте ги житниците нејзини, газете ја како снопје, наполно истребете ја, та ништо да не остане од неа; 27#23,12; 46,21; 48,15; Ис 34,7убивајте ги сите волови нејзини, не­ка одат на клање; тешко ним, бидејќи дојде денот нивни, времето на нивната казна. 28#50,2; 51,10Се слуша глас од оние што бегаат и од оние што се спасуваат од вавилонската земја, за да му го соопштат на Сион одмаздувањето Господово, на нашиот Бог, одмаздувањето за Негово­то живеалиште. 29#49,35; 50,14; 25,14; 50,15; 51,6; Пс 137,8; 51,5Повикајте ги против Вавилон сите стрелци, кои запнуваат лак, сместете се околу него, за да не се избави никој од него, платете му според делата негови; како што постапуваше тој, така поста­пувајте и вие со него, бидејќи тој се кре­на против Господ, против Светецот Израелов.
Горделивиот Вавилон ќе падне
30Затоа младите негови ќе паднат по улиците негови, и сите војници негови ќе бидат истребени во оној ден, вели Господ. 31Еве, Јас сум против тебе, ти што си се возгордеал, вели Господ, Бог Саваот; зашто дојде денот твој, времето на твојата казна. 32#21,14И ќе се сопне таа гордост и ќе пад­не, и никој нема да ја крене; па ќе за­палам оган во градовите нејзини, и тој ќе уништи сѐ околу неа. 33#Ис 14,17Така вели Господ Саваот: угнетени се синовите Израелови, како и синовите Јудини, и сите што ги заробија, ги др­жат цврсто и не сакаат да ги пуштат. 34#51,19.36; Ис 51,22Но Искупителот нивни е силен, Господ Саваот е името Негово; Тој ќе го разгледа делото нивно, за да ја смири земјата и да ги дотера во страв ва­вилонските жители. 35Меч против Халдејците, вели Гос­под, против жителите на Вавилон, и против кнезовите, негови, и против мудреците негови; 36#Ис 44,25меч против маѓесниците негови, и тие ќе избезумат; меч против војниците негови, и тие ќе се уплашат; 37#51,30меч против коњите негови, против колите негови и против сите разни племенски народи меѓу него, и тие ќе бидат како жени; меч против ризниците негови, и нив ќе ги разграбаат; 38#50,2суша за водите негови, и тие ќе секнат; бидејќи тоа е земја на идоли и тие се залудени по своите идолски стра­шилишта. 39#10,22; Ис 13,21-22И таму ќе се населат пустински ѕве­рови со чакали, и ќе живеат на неа ноеви, а таа нема да биде населена довека и населувана од род во род. 40#20,16; 49,18; Ис 13,19Како што ги сосипа Бог Содом и Гомора, и нивните соседни градови, вели Господ, така и тука нема да живее ниту еден човек, и човечки син нема да се запира таму.
Инвазија против Вавилон
41Ете, од север иде народ, народ го­лем и многу цареви се креваат од краиштата земни; 42во рацете свои држат лак и копје; тие се жестоки и немилосрдни; шумот нивни бучи како море; јаваат на коњи, наредени се како еден човек, за да се удрат со тебе, ќерко вавилонска! 43#6,24; Мих 4,9-10Чу за нив вест царот вавилонски, и рацете му малаксаа; страв го обзеде, мака – како на жена, кога се породува. 44#49,19-21Ете, излегува тој, како лав од шумите јордански кон вечно зелените пасишта; но Јас ќе го принудам да излезе бргу од него; и на Својот из­браник ќе му го доверам, зашто кој е подобен на Мене и кој ќе побара одго­ворност од Мене, и кој пастир ќе устои против Мене? 45Па така, чујте го решението на Господ, што го определи Тој против Вавилон, и Неговата замисла, што ја има за халдејската земја; Тој ќе ги одведе и најмалите јагниња, ќе го опустоши нивното стадо. 46На веста за падот на Вавилон ќе се затресе земјата, и пискот ќе се чуе меѓу народите.“

Селектирано:

Еремија 50: MK2006

Нагласи

Сподели

Копирај

None

Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се