Еремија 47
47
Пророкување за пропаста на Филистеја, на Тир и на Сидон
1Слово Господово што дојде до пророкот Еремија за Филистејците, пред фараонот да ја порази Газа. 2#46,7; Ис 30,28; Наум 1,8; Пс 124,4-5Така вели Господ – еве, се креваат од север води, што ќе се претворат во буен поток и ќе ја потопат земјата и сѐ што ја исполнува, градот и жителите во него: тогаш ќе повикаат луѓето и ќе заплачат сите жители на земјата. 3#Суд 5,22; Ез 26,10Од тропотот на копитата од силните коњи и од татнежот на неговите коли, од чкртањето на тркалата нивни, татковците не ќе можат да управат поглед кон децата свои, бидејќи рацете нивни ќе им отпаднат 4од оној ден што ќе дојде да ги сотре сите Филистејци, да ги оттргне од Тир и Сидон сите други помошници, бидејќи Господ ќе ги разори Филистејците, остатокот од островот Кафтор. 5Ќе оќелавее Газа, ќе пропадне Ашкелон и остатокот од нивната долина. 6До кога ќе сечеш, о мечу Господов, кога ќе престанеш? Врати се во ножницата своја, престани и одмори се. 7Но, како да се одмориш, кога Господ заповеда против Ашкелон и против морскиот брег; кон кои Тој го насочи.
Селектирано:
Еремија 47: MK2006
Нагласи
Сподели
Копирај
Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се
© Библиско Здружение на Р. Македонија 2006
© Bible Society of the Republic of Macedonia 2006