Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Еремија 46

46
Пророкување за пропаста на Египќаните
1 # 25,13 Слово Господово, упатено до пророкот Еремија за незна­божечките народи: 2#36,1за Египет, за војската на фараонот Нехо, цар египетски, што беше при реката Еуфрат во Каркемиш и што ја победи Навуходоносор, царот вавилон­ски во четвртата година на Јоаким, синот Јошиев, цар јудејски: 3#51,11„Пригответе ги штитовите и копјата и стапете во бој; 4оседлајте ги коњите и качете се на нив, коњаници, и поставете ги шлемо­вите; наострете ги копјата, облечете се во оклопи. 5#6,25; 49,29; Наум 2,9А зошто, гледам, тие се уплашија и отстапуваат? Јунаците нивни се разбиени и бегаат, не обѕрнувајќи се назад, страв од секаде, вели Господ. 6#46,12; Амос 2,15Нема да побегне брзоногиот и нема да се избави силниот; на север, покрај реката Еуфрат, ќе се сопнат и ќе паднат. 7#47,2; Ис 8,7; Дан 11,10Кој е тој што се подига како Нил, чии води се брануваат како брзица? 8Египет се подига како река и водите му се разбрануваат како брзаци, па ве­ли: ќе се кренам и ќе ја покријам земјата, ќе го уништам градот и жителите негови. 9#Наум 2,5; 3,2Седнувајќи на коњите и впрегнувајќи ги колите, излегувајте, и гинете, јунаци, Етиопјани и Либијци, вооруже­ни со штитови, и Лудимци, што ги др­жите и затегнувате лаковите; 10#12,12; 47,6; 5 Мојс 32,42зашто овој ден е за Господ, Бог Са­ваот, ден за одмазда, за да им се одмазди на непријателите Свои; и меч ќе изедува, ќе се насити и ќе се опие од крвта нивна; бидејќи тоа ќе се изврши за Господ Бог Саваот, како жртвен принос во северната земја, кај реката Еуфрат. 11#15,18; 30,13; 51,8.9; 1 Мојс 37,25Оди во Галаад и земи балсам, девој­ко, ќерко египетска; залудо ќе трупаш лекови – лек за тебе нема! 12#46,16; Наум 2,6Чуја народите за твојот срам, и пискотот твој ја исполни земјата; биде­јќи јунак со јунак се судрува, па обајцата паѓаат.“
Предупредување до Египет
13 # 43,11 Слово, кое Господ му го кажа на пророкот Еремија за доаѓањето на Навуходоносор, царот вавилонски, за да ја порази земјата египетска: 14#21,14; 50,2„Соопштете во Египет, и кажете во Мигдол, јавете во Мемфис и во Тафнис, кажете: ‚кажи ѝ да се приготви зашто мечот ќе ги изеде околните населби.‘ 15Зошто е јунакот твој соборен? Не се одржа, зашто Господ го собори; 16#46,6.12Тој направи така, што многумина се судруваа и паѓаа дури еден врз друг, велејќи: ‚станувај да си појдеме кај нашиот народ во својата родна земја, далеку од насилничкиот меч.‘ 17#Ис 30,7А фараонот – египетскиот цар, наречете го фалбаџија, кој својата прилика ја пропушти. 18#48,15; Ис 48,2Се колнам во Својот живот, вели Царот, чие име е Господ Саваот: ќе дој­де тоа како Тавор меѓу горите и како Кармил покрај Морето. 19#10,17; Ез 12,3Подготви се за преселување, ќерко, жителко египетска, зашто Мемфис ќе биде опустошен, разорен, па не ќе остане ниту еден жител. 20#Ос 10,11Египет е убава јуница: но погибелта иде, доаѓа од север. 21#23,12; 50,27И наемниците негови кај него не изгледаат како згоени телци, па и самите тргнаа да бегаат, побегнаа сите, не можеа да издржат, бидејќи врз нив дојде нивниот погибелен ден, време за да ги казнам. 22#Пс 74,6Гласот нивни писка како глас на змија, тие доаѓаат со војска, ќе дојдат врз него со секири како дрвари, 23#51,14; Суд 7,12; Јоил 1,4; Откр 9,3ќе ја исечат шумата негова, вели Господ, бидејќи се безбројни; повеќе се отколку скакулците, па број немаат. 24Засрами се, ќерко египетска, ти, која си предадена во рацете на северниот народ. 25#9,8; 43,12Господ Саваот, Бог Израелов, вели: еве, Јас ќе го казнам Амон од Мемфис, фараонот и Египет, боговите негови и царевите негови, фараонот и оние што се надеваат во него. 26#12,15; 44,30И ќе ги предадам во рацете на оние што ја бараат душата нивна и во рацете на Навуходоносор, царот вавилонски, и во рацете на слугите негови, но потоа Египет ќе биде населен, како и во поранешните дни, вели Господ.
Господ ќе ги врати Израелците дома
27 # 30,10-11; Ис 41,13-14; 3 Мојс 26,6; Ез 34,28; Јов 11,19 А ти, Јакове, слуго Мој, не бој се и не плаши се, Израеле: зашто еве, Јас ќе те избавам од далечната земја и семето твое – од земјата на ропството негово; и ќе се врати Јаков и ќе живее спокојно и мирно, и никој нема да го заплашува. 28#Ис 43,5; Наум 1,3; Пс 99,8Не бој се, Јакове, слуго Мој, вели Господ, зашто Јас сум со тебе. Јас ќе ги истребам сите народи, меѓу кои те изгонив, но тебе нема да те истребам; само ќе те казнам по мерка; неказнет нема да те оставам.“

Селектирано:

Еремија 46: MK2006

Нагласи

Сподели

Копирај

None

Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се