Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Еремија 44

44
Господ ќе ги уништи Јудејците
1 # 44,8; 46,14 Дојде слово Господово до Еремија за сите Јудејци, кои живеат во египетската земја, населени во Мигдол, Тафнис, Мемфис и во земјата Пат­рос за да каже: 2вака вели Господ Саваот, Бог Израе­лов: „Вие ја видовте сета несреќа, што ја испратив врз Ерусалим и врз сите градови јудејски; ете, тие се сега запус­тени и никој не живее во нив, 3поради нивната злоба, што згрешија, откако Ме разгневуваа, одејќи да кадат и да служат на други богови, што не ги познаваа ни тие, ни вие, ниту татков­ците ваши. 4#35,15; 44,22; 2 Лет 36,15И ги праќав кај вас сите слуги Мои – пророците, ги праќав од рано утро, за да ви кажат: ‚Не правете го тоа гнасно дело, што Ми е одвратно.‘ 5Но тие не го приклонија увото и не слушаа, за да се одвратат од своето зло, да не кадат на други богови. 6#7,20; 36,7; 44,22-23И Мојата јарост и Мојот гнев се излеа и се разгори врз градовите на Ју­деја и по ерусалимските улици; тие станаа урнатини и пустелија, како што гледате сега. 7#Авак 2,10; Плач 2,11; 4,4А сега, вака вели Господ, Бог Са­ваот, Бог Израелов: зошто го вршите тоа големо зло на душите свои, истребувајќи ги помеѓу себе мажите и жени­те, возрасните, децата и младинците во Јудеја, за да не оставите остаток, па, 8#1,16; 26,6-7бидејќи Ме разгневувате со делата на рацете свои, со кадењето пред други богови во земјата египетска, каде што дојдовте да живеете, та да се погубите самите себе и да станете за проклетство и укор кај сите народи по земјата? 9Зар го заборавивте нечестието на вашите татковци и нечестието на јудеј­ските цареви, вашето сопствено нечес­тие и нечестието на вашите жени, што го вршеа во земјата јудејска и по еруса­лимските улици? 10Но, тие не се смирија ни до денес, не се плашат и не одат по Мојот закон и по Моите наредби, што ви ги дадов вам и на татковците ваши. 11#21,10Затоа, вака вели Господ Саваот, Бог Израелов: еве, ќе го свртам против вас лицето Свое за погибел и за да ја истребам цела Јудеја, 12и ќе го земам остатокот Јудин што реши да замине во земјата египетска и да живее таму, и ќе бидат истребени сите; ќе паднат во земјата египетска и со меч и со глад ќе бидат истребени; мало и големо ќе умрат од меч и од глад, и ќе бидат изложени на проклетство и ужас, за поруга и укор. 13#27,13Ќе ги казнам оние што живеат во земјата египетска, како што го казнив Ерусалим, со меч, со глад и со помор, 14и никој нема да избега и нема да се спаси од остатокот на Јудејците, кои дојдоа во земјата египетска, за да жи­веат таму и потоа да се вратат во земјата јудејска, каде што од сѐ срце сакаа да се вратат, за да живеат таму; никој нема да се врати освен оние што ќе побегнат оттаму.“
Народот Го отфрла Господа
15 # 44,3.8.21.23 И сите мажи, кои знаеја дека же­ните нивни им кадат на други богови, и сите жени, што стоеја таму во големо множество, и сиот народ кој живееше во земјата египетска, во Патрос, му одговорија на Еремија и му рекоа: 16„Зборот, што ни го кажа во името Господово, ние не го слушаме; 17#2,31; 5,23; Пс 50,17; Ос 2,7туку ќе правиме сѐ што е излезено од устите наши: ќе ѝ кадиме на Небес­ната кралица и ќе ѝ правиме преливи, како што го правевме тоа, ние и предците наши, царевите наши и кнезовите наши, по градовите на Јудеја и по ули­ците ерусалимски, бидејќи тогаш бевме сите во добра состојба и беди не видов­ме; 18#44,25и, откако прекративме да ѝ кадиме на Небесната кралица и да ѝ правиме преливи, трпиме секакви скудности и загинуваме од меч и од глад. 19И кога ѝ кадиме на Небесната кра­лица и ѝ принесуваме преливи, зар без знаење на нашите мажи ѝ правиме лепчиња со нејзиниот лик или принесуваме преливи?“ 20Тогаш Еремија му рече на сиот народ, на мажите и жените, и на сиот народ што така му одговараше: 21„Зар Господ не си спомна за ка­дењето, што го извршувавте во јудеј­ските градови, по улиците ерусалимски, вие и предците ваши, царевите ваши, кнезовите ваши и народот од земјата, и зар не влезе тоа во срцето Не­гово? 22#9,9-10; 15,6; 44,4Господ не можеше веќе да ги поднесува вашите лоши дела и одвратности, што ги правевте; затоа и земјата ваша стана пустина, ужас и проклет­ство, без жители, како што гледате сега. 23#1,16; 3,25Затоа што кадевте и Му грешевте на Господ, не го слушавте гласот на Господ и не одевте според законот Не­гов, по наредбите Негови и по запове­дите Негови, па затоа и ве постигна ова зло, како што гледате сега.“ 24#44,26Тогаш Еремија му рече на сиот народ и на сите жени: „Чујте го словото Господово, вие, сите Јудејци, што сте во земјата египетска; 25#7,18; 19,13; 44,17; Соф 1,5вака вели Господ Саваот, Бог Изра­елов: сѐ што зборувавте со устата, тоа и со раце го правевте вие и жените ваши; вие велите: ‚да ги исполнуваме нашите завети, што ги ветивме, да ѝ кадиме на Небесната кралица и да ѝ принесуваме преливи.‘ Навистина, вашите завети ги одржавте и ги извршивте точно вашите ветувања. 26Затоа сега чујте го словото Госпо­дово, вие, сите Јудејци, што живеете во земјата египетска: еве, Јас се заколнав во Своето велико име, вели Господ, дека во сета египетска земја нема по­веќе да се изговара името Мое од устата на кој и да било Јудеец, за да рече: ‚жив да е Господ Бог!‘ 27#31,28Еве, Јас ќе бдеам над вас за казна, а не за добро, и сите Јудејци во земјата египетска ќе загинат од меч и од глад, сѐ додека не бидат наполно истребени. 28#51,50; Ис 11,11; 27,13; Ез 6,8Само малкумина што ќе се избават од мечот ќе се вратат од земјата египетска во јудејската земја, а сите други Јудејци, што отидоа во земјата египет­ска, за да поживеат таму, ќе дознаат чии зборови ќе се исполнат: моите или нивните. 29#2 Цар 19,29И, еве ви знак, вели Господ, дека ќе ве посетам на тоа место, за да знаете дека ќе се исполнат зборовите Мои за вас, за ваша казна. 30#39,5; 46,26Така вели Господ: еве, Јас ќе го предадам египетскиот цар, фараонот Хофра, во рацете на непријателите не­гови и во рацете на оние, што ја бараат душата негова, онака како што го предадов јудејскиот цар Седекија во ра­цете на вавилонскиот цар Навуходо­носор, непријателот негов, кој ја бараше душата негова.“

Селектирано:

Еремија 44: MK2006

Нагласи

Сподели

Копирај

None

Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се