Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Еремија 34

34
Еремија го предупредува царот Седекија
1 # 49,13 Слово што дојде до Еремија од Господ, кога вавилонскиот цар Навуходоносор, сета војска негова, сите земни царства, што беа под негова власт, и сите народи се бореа против Ерусалим и против сите негови градови – 2#35,13Така вели Господ Бог Израелов: оди, кажи му на јудејскиот цар Седекија и речи му – вака вели Господ: еве, Јас ќе го предадам овој град во рацете на вавилонскиот цар, и тој ќе го изгори со оган; 3и ти нема да избегаш од рацете негови, туку ќе бидеш фатен и предаден во рацете негови и очите твои ќе ги видат очите на вавилонскиот цар, и устата негова ќе ѝ зборува на твојата уста, па ќе појдеш во Вавилон. 4Ислушај го словото Господово, царе јудејски, Седекија. Вака вели Господ за тебе – ти нема да умреш од меч; 5ќе умреш во мир, како и предците твои, царевите поранешни, кои беа пред тебе и за кои при погребението гореа благопријатни мириси, така ќе горат и за тебе и ќе те исплачат – „О, господа­ре!“ зашто Јас го реков овој збор, вели Господ. 6Пророкот Еремија му ги кажа сите овие зборови на јудејскиор цар Седекија во Ерусалим; 7а војската на царот вавилонски удираше на Ерусалим и против сите ју­дејски градови, кои уште се држеа, против Лакиш и Азека; бидејќи од јудеј­ските градови само тие останаа по­цврсти.
Народот го крши договорот
8Слово Господово што дојде до Ере­мија, откако царот Седекија склучи до­говор со сиот народ, што беше во Еру­салим, за да прогласат слобода, 9#Неем 5,8па секој да го пушти својот роб на слобода и робинката, Евреин и Еврејка, така што никој од нив да не го држи во ропство Јудеецот, братот свој. 10И послушаа сите кнезови и сиот на­род, што беа пристапиле кон заветот, така што секој да го отпушти на слобода својот роб и секој – робинката своја, па во иднина да не ги држат како ро­бови; послушаа и ги отпуштија. 11Но потоа, откако размислија, поч­наа да ги враќаат робовите и робинките, што беа ги пуштиле на слобода, и ги принудија пак да бидат робови и робинки. 12И дојде слово Господово до Ере­мија: 13така вели Господ, Бог Израелов: Јас склучив завет со вашите предци, кога ги изведов од египетската земја и од домот на ропството, па реков – 14#5 Мојс 15,12; 2 Цар 4,1На крајот од седмата година от­пуштај го братот свој Евреин, кој ти се продал; нека ти работи шест години, а потоа отпушти го откај тебе на слобода. Но предците ваши не го приклонија увото свое и не Ме послушаа. 15#7,10.12; 1 Цар 8,43Вие сега се повративте и поста­пивте справедливо пред очите Мои, што му објавивте секој од вас на ближ­ниот свој слобода, и склучивте пред Мене завет во домот, над кој се призовува името Мое; 16#3 Мојс 19,12но отпосле се предомисливте и го обесчестивте името Мое, па ги зедовте назад секој својот роб и секој својата робинка, кои бевте ги пуштиле на слобода, кому каде му беше угодно, и ги принудивте сега пак да ви бидат робови и робинки. 17#15,4Затоа, вака вели Господ: вие не Ме послушавте да објавите слобода на братот свој и на ближниот свој; затоа, еве, Јас, вели Господ, ви објавувам слобода за да бидете предадени на меч, помор и глад и ќе ве предадам на поруга пред сите цареви земни; 18и ќе ги предадам оние, што го престапија заветот Мој и не ги исполнија зборовите на заветот, што го склу­чија пред лицето Мое, откако пресекоа теле на две половини и минаа меѓу ра­сечените делови, 19јудејските кнезови и ерусалимските кнезови, дворјаните и свештениците и сиот народ на земјата, кој мина меѓу расечените делови на телето, 20#7,33; 5 Мојс 28,26ќе ги предадам во рацете на непријателите нивни и во рацете на оние, кои ја бараат душата нивна, а труповите нивни ќе бидат храна за птиците небе­ски и за ѕверовите земни. 21И Седекија, царот јудејски, и кнезовите негови ќе ги предадам во рацете на непријателите нивни и во рацете на оние, кои ја сакаат душата нивна, и во рацете на војската на вавилонскиот цар, која отстапи од вас. 22#32,2.24; 37,8Еве, Јас ќе заповедам, вели Господ, и ќе ги вратам кон овој град и тие ќе го нападнат, ќе го преземат и ќе го изгорат со оган, и градовите на Јудеја ќе ги направам пустина без луѓе.

Селектирано:

Еремија 34: MK2006

Нагласи

Сподели

Копирај

None

Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се