Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Еремија 31:9-13

Еремија 31:9-13 MK2006

Тие отидоа со солзи, Јас, пак, ќе ги вратам со утеха; ќе ги поведам покрај потоци со води, по рамен пат, по кој не­ма да се сопнуваат; бидејќи Јас сум Отец на Израел, и Ефрем е Мојот првороден. Чујте го, народи, словото Госпо­дово и разгласете го по островите да­лечни и кажете: Оној што го расеа Израел, Тој и ќе го собере и ќе го пази како што го прави тоа пастирот со своето стадо; зашто Господ ќе го откупи Јаков и ќе го избави од рацете на оној, кој беше посилен од него. И тие ќе дојдат и ќе се радуваат на сионските височини, и ќе се стрчаат кон добрата Господови, кон пченицата, ви­ното и маслото, кон јагнињата и воло­вите; и душата нивна ќе им биде како градина напоена со вода, и веќе нема да се измачуваат. Тогаш девојката ќе се радува на оро, а и младите и старите заедно; и тагата нивна ќе се претвори во радост, ќе ги утешам и ќе ги зарадувам по нивната болка.