Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Еремија 27

27
Еремија ги повикува царевите да се покорат под јаремот на Вавилон
1Во почетокот од царувањето на јудејскиот цар Јоаким, син Јошиев, дојде слово Господово до Еремија. 2Вака ми рече Господ: направи си јажиња и јарем, па стави ги околу вратот. 3И прати исто такви до царот на Едом, до моавскиот цар, до царот на синовите Амонови, до тирскиот цар и до царот на Сидон, по пратеници, што дошле во Ерусалим кај јудејскиот цар Седекија, 4и порачај им да им кажат на господарите свои – вака вели Господ Саваот, Бог Израилев – кажете им го ова на вашите господари: 5#10,12; 32,17; Дан 4,14ја создадов земјата, човекот и животните, што се по земјината топка, со големата Своја сила и со Својата крената рака, па му ја давам на оној, кому сакам. 6#28,14; 43,10А, еве, сега, сите тие земји ги предавам во раката на вавилонскиот цар Навуходоносор, Мојот слуга, дури и ѕверовите полски му ги предавам, за да му служат. 7#25,26; Авак 2,5И сите народи ќе му служат нему и на синот негов, и на внукот негов, сѐ додека дојде времето на земјата негова и неговото време, и ќе му служат многу народи и големи цареви. 8#24,10А, ако некој народ и некое царство не ќе сака да му служи на вавилонскиот цар Навуходоносор и нема да го свитка вратот под јаремот на вавилонскиот цар, тој народ Јас ќе го казнам со меч, со глад и со помор, вели Господ, додека не го истребам преку раката негова. 9А вие не слушајте ги вашите пророци и вашите бајачи, вашите јасновидци, вашите маѓепсници и вашите вражачи, кои ви велат: „Нема да му робувате на вавилонскиот цар.“ 10Затоа што тие ви пророкуваат лага, за да ве оддалечат од земјата ваша, па Јас да ве изгонам и вие да загинете. 11#42,12А оној народ, што ќе го наведне вратот свој под јаремот на вавилонскиот цар и ќе му служи, ќе го оставам во неговата земја, вели Господ, и тој ќе си ја обработува и ќе живее во неа. 12И на јудејскиот цар Седекија Јас му ги кажав истите зборови, велејќи: наведнете го вратот под јаремот на вавилонскиот цар и служете му нему и на народот негов, па ќе бидете живи. 13#27,8Зошто да умреш ти и народот твој од меч, од глад и од помор, како што вели Господ за овој народ, што не сака да му служи на вавилонскиот цар? 14И немојте да ги слушате зборовите на пророците, кои ви велат: „Нема да му робувате на вавилонскиот цар“, зашто тие ви пророкуваат лага. 15#23,21.32Јас не сум ги пратил, вели Господ; и тие лажно пророкуваат во Мое име, за да ве изгонам и да загинете, вие и пророците ваши, кои ви пророкуваат. 16Им зборував и на свештениците и на сиот овој народ – вака вели Господ: не слушајте ги зборовите на вашите пророци кои ви пророкуваат и велат: „Еве, наскоро ќе бидат вратени од Вавилон садовите на домот Господов“, бидејќи тие ви пророкуваат лага. 17#26,18Не слушајте ги, туку служете му на вавилонскиот цар и живејте; зошто да го доведете овој град до запустување? 18Ако се, пак, тие пророци, и ако во нив има слово Господово, нека се молат пред Господ Саваот, па садовите што останале во домот Господов, во домот на јудејскиот цар и во Ерусалим, да не се однесат во Вавилон. 19Зашто вака вели Господ Саваот: за столбовите и за морето, и за подножјата како и за другите работи, што останаа во овој град, 20а кои вавилонскиот цар Навуходоносор не ги зеде, кога го одведе во ропство јудејскиот цар Јехонија, синот Јоакимов, царот јудејски од Ерусалим и сите старешини во Вавилон, 21зашто вака вели Господ Саваот, Бог Израилев, за садовите што останаа во домот Господов, во домот на јудејскиот цар и во Ерусалим: 22#30,3; Езд 1,7-11тие ќе бидат однесени во Вавилон и таму ќе останат, сѐ додека ве посетам, вели Господ, и ве изведам и ве вратам во ова место.

Селектирано:

Еремија 27: MK2006

Нагласи

Сподели

Копирај

None

Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се