Еремија 26
26
Еремиина беседа за покајание
1Во почетокот од царувањето на јудејскиот цар Јоаким, син Јошиев, дојде ова слово од Господ. 2#51,45; Откр 22,19Вака вели Господ: застани во дворот на домот Господов и кажи им ги на сите градови во Јудеја, кои доаѓаат да се поклонат во домот Господов, сите оние зборови што ќе ти заповедам да им ги кажеш; ниеден збор да не пропуштиш. 3#18,8; 25,5; 26,13Можеби тие ќе те послушаат и ќе се отклони секој од својот лош пат, па тогаш Јас ќе го повлечам злото, што сум намислил да им го направам за нивните лоши работи. 4#5 Мојс 28,15И речи им – вака вели Господ: ако не Ме послушате, и не одите по Мојот закон, што ви го дадов, 5#7,25и не ги примате зборовите на Моите слуги, пророците, кои ги праќам кај вас, а ги праќам од рано утро, и кои вие не ги слушате – 6#44,8.12.22тогаш со овој дом ќе направам исто што со Силом, и овој град ќе го предадам на проклетство на сите земни народи.
Еремија пред Суд
7Свештениците и пророците и сиот народ го слушаа Еремија, кога ги зборуваше овие зборови во домот Господов. 8А кога Еремија кажа сѐ, што му беше заповедал Господ да му каже на сиот народ, свештениците и пророците и сиот народ го фатија и рекоа: „Заслужуваш смрт, 9бидејќи пророкуваш во името на Господ и велиш – овој дом ќе стане како Силом и овој град ќе запусти и ќе остане без жители!“ И сиот народ се собра околу Еремија во домот Господов. 10Кога го чуја тоа кнезовите јудејски, дојдоа од царскиот дом, во домот Господов и седнаа пред влезот на новите порти на домот Господов. 11Тогаш свештениците и пророците вака им рекоа на кнезовите и на сиот народ: „Овој човек заслужува смрт, затоа што пророкува против овој град; а тоа го чувте со ушите свои!“ 12#26,15И им рече Еремија на сите кнезови и на сиот народ: „Господ ме прати да пророкувам против овој дом и против овој град со сите зборови, што ги чувте; 13#7,3.5; 26,19; 42,10па така, исправете ги патиштата и делата ваши и послушајте го гласот на Господ, вашиот Бог, и Господ ќе го повлече злото, што го изрече против вас. 14#Ис.Н. 9,25А што се однесува до мене, еве, јас сум во ваши раце; правете со мене, што сметате дека е добро и право; 15#7,6; 19,4само знајте добро дека ако ме убиете, ќе земете невина крв врз себе и врз овој град и врз жителите негови, зашто навистина, Господ ме прати кај вас да ви ги кажам на ушите ваши сите овие зборови.“ 16Тогаш кнезовите и сиот народ им рекоа на свештениците и на пророците – овој човек не потпаѓа под смртна пресуда, затоа што тој ни зборува во името на Господ, нашиот Бог. 17И некои од старешините месни станаа и му зборуваа на целото собрание: 18#9,10; 22,5„Михеј од Морешет пророкуваше во деновите на јудејскиот цар Езекија и му зборуваше на сиот јудејски народ: вака вели Господ Саваот – Сион ќе биде разоран како нива, и Ерусалим ќе стане куп урнатини, и гората на овој дом како шумовит рид. 19#26,3; Дела 5,39Па зар го уби заради тоа јудејскиот цар Езекија и цела Јудеја? Па зар не се уплаши тој од Господ и зар не Го замоли Господа, и Господ го повлече злото, што беше го изрекол против нив; а треба ли ние сега да навлечеме такво големо зло врз душите свои?
Пророкот Урија
20Пророкуваше во името на Господ и некој Урија, синот на Шемаја, од Кирјат-Јарим, и тој пророкуваше против овој град и против оваа земја со истите зборови, како сега Еремија. 21Кога ги чуја тие зборови царот Јоаким и сите негови големодостојници, и сите кнезови, побараа да го убијат. А кога го разбра тоа, Урија се уплаши и побегна, па отиде во Египет. 22Но царот Јоаким испрати по него луѓе и во Египет: Елнатан, синот Ахборов, и некои други со него. 23#22,17И го изведоа Урија од Египет, па го доведоа при царот Јоаким, и тој го уби со меч, а трупот негов го фрли кај гробиштата на обичните луѓе.“ 24Но раката на Ахикам, синот Сафанов, беше покрај Еремија и не го даде во рацете на народот, за да биде убиен.
Селектирано:
Еремија 26: MK2006
Нагласи
Сподели
Копирај
Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се
© Библиско Здружение на Р. Македонија 2006
© Bible Society of the Republic of Macedonia 2006