Еремија 23
23
Против лажните духовни пастири
1 #
10,21; 50,6 Тешко им на пастирите, што ги погубуваат и растураат овците на Моето стадо, вели Господ. 2Затоа вака вели Господ, Бог Израелов, кон пастирите, кои го пасат народот Мој: вие ги растуривте овците Мои, ги упропастивте и не се грижите за нив; еве, Јас ќе ве казнам за вашите злосторства, вели Господ. 3И ќе го соберам остатокот од Моето стадо, од сите земји каде што ги бев изгонил, и ќе ги вратам во трлата нивни, па ќе се плодат и ќе се размножуваат. 4И ќе поставам над нив пастири, што ќе ги пасат, и тие нема веќе да се плашат, ниту ќе треперат и нема да се губат, вели Господ. 5#2 Сам 7,12; Мих 5,3; Ис 9,6Еве, доаѓа времето, вели Господ, и ќе му издигнам на Давид фиданка, и ќе се зацари Цар, Кој ќе постапува мудро и ќе суди праведно на земјата. 6#32,37; Мал 3,20; Рим 10,4Во дните Негови Јуда ќе се спаси, и Израел ќе живее безопасно; и еве, – Неговото име со кое ќе Го именуваат е „Господ – Нашата правда!“ 7Затоа, еве, идат дните, вели Господ, кога веќе нема да се зборува: „Жив Господ, Кој ги изведе синовите Израелови од земјата египетска“, 8#3,18; Ис 43,6туку „Да е жив Господ, Кој го изведе и Кој го доведе племето на домот Израелов од северната земја и од сите земји, каде што ги беше изгонил“, и тие ќе живеат во земјата своја. 9Поради пророците срцето ми се кине во мене, сите коски ми се тресат, јас сум како пијан, како човек што го фатило виното, заради Господа и заради Неговите свети зборови, 10зашто земјата се наполни со прељубници, и земјата плаче поради проклетството; се исушиле пасиштата по пустините, зашто стремежот им е зло, а силата нивна – неправда; 11#Плач 4,13бидејќи и пророкот и свештеникот се безбожни: дури и во домот Мој го забележав бесчестието нивно, вели Господ.
Казна за неверните духовни пастири
12 #
Пс 35,6
Затоа патот нивни ќе биде лизгаво место во темнината – ќе ги туркаат и тие ќе паѓаат таму; зашто Јас ќе испратам врз нив беда во годината, кога ќе ги казнам, вели Господ. 13А кај пророците во Самарија видов безумие, тие пророкуваат во името на Ваал и го воведуваат во заблуда народот Мој, Израел. 14#5,30-31; 18,13; 5 Мојс 32,32А кај пророците во Ерусалим гледам нешто уште пострашно: тие прељубодејствуваат и одат во лага, ги поткрепуваат рацете на злодејците, та никој од нив да не се откаже од бесчестието свое; сите тие се пред Мене како Содом, а жителите негови – како Гомора. 15Затоа вака вели Господ Саваот за пророците: еве, ќе ги нахранам со пелин и ќе ги напојам со затруена вода, поради тоа што од ерусалимските пророци се разнесе безбожие по целата земја.
Господ предупредува
16 #
14,14; Плач 2,14 Така вели Господ Саваот: немојте да ги слушате зборовите на пророците, кои ви пророкуваат – тие ве лажат, кажуваат измислени работи од срцето свое, а не она што доаѓа од устата Господова. 17Постојано им зборуваат на оние, кои не Ме почитуваат: „Господ рече, мир ќе имате.“ И на секого кој се управува според тврдокорноста на срцето свое, велат: „Зло нема да ве снајде.“ 18Зашто, кој е тој што присуствувал на советот на Господ, па видел и го чул словото Негово? Кој го разбрал Неговото слово и кој го чул тоа? 19#4,11; 22,22; Ис 29,6; Наум 1,3Еве, иде бурата Господова со јарост, бура страшна, и ќе се свие врз главата на безбожниците. 20Гневот Господов нема да се одврати сѐ додека Тој не ги изврши и додека не ги исполни замислите на Своето срце; во последните дни тоа наполно ќе го разберете. 21#23,32; 27,15Јас не ги праќам тие пророци, а самите се беа растрчале; Јас не им зборував, а тие пророкуваа. 22#23,18Да беа стоеле во советот Мој, тие ќе му ги објавеа зборовите Мои на Мојот народ и ќе го отклонеа од неговиот лош пат и од неговите лоши дела. 23Зар Јас сум Бог само одблизу, вели Господ, а не Бог и оддалеку? 24#Пс 139,7-12; Дела 7,49Може ли човек да се сокрие на место тајно, каде што Јас не би го видел? – вели Господ. Зар не ги исполнувам Јас небото и земјата – вели Господ. 25Јас слушав што зборуваат пророците, кои во името Мое пророкуваат лага. Тие велат: „Ми се сони, ми се сони.“ 26#14,14До кога ќе трае тоа во срцето на пророците, кои пророкуваат лага, кои пророкуваат измама од срцата свои? 27Тие мислат дека преку своите соништа, што си ги раскажуваат еден на друг, ќе го доведат Мојот народ дотаму, да го заборави името Мое, како што го заборавија татковците нивни името Мое заради Ваал! 28Пророкот што видел сон, нека го раскаже како сон, а во кого е словото Мое, нека го каже верно словото Мое. Што заедничко има плевата со пченицата? – вели Господ. 29Зар не е Моето слово како оган, вели Господ, и не е ли како чекан што крши карпа? 30Затоа, еве, Јас сум против пророците, вели Господ, кои ги крадат зборовите Мои еден од друг. 31Еве, Јас сум против пророците, вели Господ, кои го креваат својот јазик и велат: „Тој рече.“ 32#7,8; 14,14-15; 23,21; 29,32Еве, Јас сум против пророците на лажни соништа, вели Господ кои ги кажуваат и преку своите измами и итрини го заблудуваат Мојот народ, кога Јас не сум ги пратил, ниту сум им заповедал; затоа тие не донесуваат никаква полза за тој народ, вели Господ. 33Ако те праша тој народ, или пророк, или свештеник: какво е бремето од Господ? а ти кажи му – „Вие сте бреме. Јас ќе ве напуштам,“ вели Господ. 34Ако пророкот, или свештеникот, или народот каже: „Тоа е бреме од Господ“, Јас ќе го казнам тој човек и домот негов. 35Туку вака да кажувате еден на друг и брат брату: „Што одговори Господ?“ или – „Што вели Господ?“ 36#Мт 15,6А тој збор: „Бреме од Господ“, не употребувајте го во иднина, зашто на таков човек бреме ќе му биде неговиот збор, бидејќи вие ги изопачувате зборовите на живиот Бог, Господ Саваот, нашиот Бог. 37Вака прашувај пророк: „Што ти одговори Господ?“ или – „Што рече Господ?“ 38Ако пак сѐ уште велите: „Бреме од Господ“, тоа така вели Господ, поради тој збор што го кажувате – „Бреме од Господ“, кога пак, Јас ве пратив да не велите „Бреме од Господ“, 39еве затоа ќе ве заборавам наполно, ќе ве оставам и ќе го отфрлам од лицето Свое овој град, кој ви го дадов вам и на татковците ваши. 40И врз вас ќе испратам вечна поруга и вечен срам, кој нема да се заборави.
Селектирано:
Еремија 23: MK2006
Нагласи
Сподели
Копирај
Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се
© Библиско Здружение на Р. Македонија 2006
© Bible Society of the Republic of Macedonia 2006