Еремија 20
20
Пашхур го затвора Еремија
1Кога Пашхур, синот Имеров, свештеник и надзорник во домот Господов, чу дека Еремија ги изговорил тие пророчки зборови, 2#2 Цар 15,35го фати пророкот Еремија и нареди да го бијат и да го врзат за столбот на срамот, што беше до горните порти Венијаминови кај домот Господов. 3Но утредента Пашхур го ослободи Еремија, а Еремија му рече: „Господ те нарече не Пашхур, туку ‚Ужас отсекаде‘! 4#Пс 31,11Зашто вака рече Господ: еве, ќе те направам ужас за тебе самиот и за сите твои пријатели, и ќе паднат во бој од непријателите свои и очите твои ќе го видат тоа. И сите Јудејци ќе ги предадам во рацете на вавилонскиот цар, кој ќе ги одведе во Вавилон и ќе ги убие со меч. 5#Ис 39,6И ќе го продадам сето богатство на тој град, сиот имот негов и сите негови драгоцености; и сите ризници на царевите јудејски ќе ги дадам на неговите непријатели, што ќе ги разграбаат, ќе ги земат и ќе ги однесат во Вавилон. 6И ти Пашхуре, и сите што живеат во твојата куќа, ќе отидете во ропство; ќе отидеш во Вавилон, таму ќе умреш и таму ќе бидеш погребан, та и сите твои пријатели, на кои лажно им пророкуваше.“
Еремија Му се жали на Господ
7 #
Пс 44,13; Плач 3,14 Господи, ти ме надви, и јас сум надвиен; Ти си посилен од мене и ме победи, а јас секој ден станувам за потсмев, секој се шегува со мене. 8#15,10.15; 20,18Затоа, штом ќе почнам да зборувам, зборувам за насилство, зборувам за разорување, бидејќи словото Господово стана за мене поруга и секојдневен потсмев. 9#Пс 39,3Па си реков: нема веќе да спомнувам за Него, ниту ќе зборувам во Негово име; но во срцето како да имам распален оган, затворен во коските мои, и се измачував да го задржам – но не можев. 10#46,5; Пс 31,13; Мк 3,2Бидејќи слушав клевети од мнозина, ужаси насекаде! Пријавете го, и ние ќе го обвиниме. Сите, што живееја со мене во мир, сега ме демнат, нема ли некаде да погрешам: „Можеби, велат, тој ќе се улови, и ние ќе го победиме и ќе му се одмаздиме.“ 11#17,18; 32,18; Ис 42,13; Пс 40,14Но со мене е Господ како страшен јунак; затоа моите гонители ќе се сопнат и нема да ме победат; многу, многу ќе се засрамат, зашто ќе бидат поразени; срамот ќе биде вечен, нема никогаш да биде заборавен. 12#2 Лет 16,9; 11,20; Пс 37,5Господи на силите, Ти го испитуваш праведникот и ја гледаш утробата и срцето негово. Дозволи да ја видам одмаздата Твоја над нив, зашто Тебе Ти го доверив делото свое. 13#15,21; 39,17; Пс 96,1; 97,10; 148,1Пејте Му на Господ, фалете Го Господа, зашто Тој ја спасува душата на бедниот од рацете на злодејците. 14#Јов 3,3Проклет да е денот во кој се родив; денот, во кој ме роди мојата мајка, нека не е благословен! 15Проклет да е човекот кој ја пренесе веста до татко ми и му рече: „Ти се роди син“ и со тоа многу го зарадува. 16И со тој човек да стане она што стана со градовите кои Господ ги разруши и не ги пожали; нека слуша тој пискот наутро и напладне – плач, 17#Јов 3,11затоа што не ме уби уште во утробата, така што мајка ми да станеше мој гроб и утробата нејзина да останеше вечно бремена. 18#Јов 3,10.20Зошто излегов од утробата, за да гледам маки и таги и дните свои да ги минам во срам?
Селектирано:
Еремија 20: MK2006
Нагласи
Сподели
Копирај
Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се
© Библиско Здружение на Р. Македонија 2006
© Bible Society of the Republic of Macedonia 2006