Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Еремија 15

15
Погубување на Јудејците
1 # Пс 99,6 И ми рече Господ: да беа застанале пред лицето Мое дури Мојсеј и Самоил, душата Моја пак не­маше да се приклони кон тој народ; избркај ги од пред лицето Мое, нека си одат. 2#14,12; 43,11; Откр 13,10Ако, пак, те прашаат: „Каде да оди­ме?“ – кажи им: вака вели Господ – кој е за смрт, нека оди во смрт: и кој е за меч – под меч; кој е, пак, за глад – на глад; и кој е за ропство – во ропство. 3#Ез 14,21И ќе испратам врз нив четири вида смрт, вели Господ: меч за да ги убива, кучиња, за да ги раскинуваат, небески птици, и полски ѕверови, за да ги изедуваат и истребуваат. 4#24,9; Наум 3,6И ќе направам да се ужасуваат од нив сите земни царства заради она што го изврши Манасија, синот на Јудејскиот цар Езекија, во Ерусалим. 5#13,14; Наум 3,7; Пс 69,20Зашто, кој ќе те пожали, Еру­салиме, кој ќе ти изјави сочувство, и кој ќе наврати до тебе, за да те праша доб­ро ли ти е? 6#6,12; 51,25; 44,22; Амос 7,8Ти Ме остави, вели Господ, отстапи; затоа, ќе ја протегнам Својата рака врз тебе и ќе те погубам; се уморив, простувајќи ти. 7Јас ќе ги одвеам со вејачка пред портите на земјата, ќе ги лишам од деца, ќе го сотрам Мојот народ; но тие нема да се вратат од своите патишта. 8#6,4Ќе има кај нив вдовици многу по­веќе од морскиот песок; ќе испратам врз нив, врз мајката на младите, униш­тувач попладне, ненадејно ќе ги опфати страв и ужас. 9Ќе изнемогне онаа што лежи, која родила седум, ќе го предава духот; уште во текот на денот ќе зајде сонцето неј­зино; таа е смутена и посрамена. И ос­танатите ќе ги предадам на меч пред очите на нивните непријатели, вели Господ.
Жалбите на Еремија
10 # 20,14 Тешко мене, мајко моја, зошто ме роди човек, кој се расправа и се кара со целата земја! Никому не сум давал со лихва и мене никој не ми давал, а сите ме проколнуваат. 11Господ рече: крајот ќе ти биде до­бар, и Јас ќе го присилам непријателот твој да постапува со тебе добро во вре­мето на бедата и за време на жалоста.
Непријателот нема да биде поразен
12Може ли железо да се скрши, се­верно железо и бакар? 13Твојот имот и твоите богатства ќе ги предадам на разграбување, без цена, заради сите твои гревови, во сите твои предели. 14И ќе те одведам со непријателите твои во земја, што не ја познаваш; зашто оган се разгоре од Мојот гнев, ќе гори над вас.
Поплаките на Еремија
15 # Пс 69,7 О Господи! Ти сѐ знаеш; сети се за мене и посети ме, и одмазди се за мене на моите гонители; според Својата тр­пеливост, не погубувај ме; Ти знаеш дека заради Тебе поднесувам потсмев. 16#Пс 19,8.10; 119,111.131; Јн 4,34; Евр 6,5Ги најдов зборовите Твои и ги проголтав; Твоето слово ми беше за радост и веселба на срцето мое; зашто името Твое е призивано врз мене, Господи Боже Саваот. 17Не, во друштво со подбивачи не сум се веселел: со Твојата тешка рака врз мене седев сам, бидејќи Ти ме разнесе со јарост. 18#10,19; 46,11; Мих 1,9Зошто е толку долготрајна болката моја, и раната моја е толку неизлечива, и никако да се залечи? Зар Ти ќе бидеш за мене како лажлив извор, како неверна вода?
Божјиот одговор
19Затоа, вака рече Господ: ако се обратиш, ќе те поставам пак на нозе и ќе стоиш пред лицето Мое; и, ако го одвоиш скапоценото од безвредното, ќе бидеш како Моја уста. Тие сами ќе се свртуваат кон тебе, а не ти да се обра­ќаш кон нив. 20#1,18-19И за тој народ ќе те направам силен бронзен ѕид; тие ќе војуваат против те­бе, но нема да те победат, бидејќи Јас сум со тебе, за да те спасувам и да те из­бавувам, вели Господ. 21И ќе те спасам од рацете на злодеј­ците и ќе те избавам од рацете на на­силниците.

Селектирано:

Еремија 15: MK2006

Нагласи

Сподели

Копирај

None

Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се