Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Еремија 1:4-12

Еремија 1:4-12 MK2006

И ми беше упатено слово Господово: „Пред да те обликувам во утробата, Јас те познавав, и пред да излезеш од утробата, те посветив: те поставив за пророк на народите.“ Јас, пак, одговорив: „О, Господи Боже, не умеам да говорам, зашто сум уште млад.“ Но Господ ми рече: „Не вели: – млад сум; – зашто до сите до кои ќе те испра­там ќе одиш и сѐ што ќе ти заповедам ќе кажеш. Не плаши се од нив; зашто Јас сум со тебе, за да те избавам“, рече Господ. И ја протегна Господ раката и се допре до устата моја; и ми рече Господ: „Ете, Јас ги ставив Моите зборови во устата твоја. Гледај, Јас те поставив денес над народи и царства, за да искоренуваш и разурнуваш, да погубуваш и да разру­шуваш, да ѕидаш и да насадуваш.“ И пак беше упатено слово Госпо­дово до мене: „Што гледаш, Еремија?“ Одговорив: „Гледам гранка од бадемово дрво.“ Господ ми рече: „Добро гледаш, за­што Јас бдеам над Моето слово, за да се изврши.“

YouVersion користи колачиња за да го персонализира вашето искуство. Со користење на нашата веб-страница, ја прифаќате употребата на колачиња како што е опишано во нашата Политика за приватност