Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Еремија 1:4-12

Еремија 1:4-12 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)

И ми беше упатено слово Господово: „Пред да те обликувам во утробата, Јас те познавав, и пред да излезеш од утробата, те посветив: те поставив за пророк на народите.“ Јас, пак, одговорив: „О, Господи Боже, не умеам да говорам, зашто сум уште млад.“ Но Господ ми рече: „Не вели: – млад сум; – зашто до сите до кои ќе те испра­там ќе одиш и сѐ што ќе ти заповедам ќе кажеш. Не плаши се од нив; зашто Јас сум со тебе, за да те избавам“, рече Господ. И ја протегна Господ раката и се допре до устата моја; и ми рече Господ: „Ете, Јас ги ставив Моите зборови во устата твоја. Гледај, Јас те поставив денес над народи и царства, за да искоренуваш и разурнуваш, да погубуваш и да разру­шуваш, да ѕидаш и да насадуваш.“ И пак беше упатено слово Госпо­дово до мене: „Што гледаш, Еремија?“ Одговорив: „Гледам гранка од бадемово дрво.“ Господ ми рече: „Добро гледаш, за­што Јас бдеам над Моето слово, за да се изврши.“

Еремија 1:4-12 Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов (MKB)

Ми дојде Господовото слово: „Пред да те вообликувам во мајчината утроба, Јас те знаев; пред да излезеш од мајчината утроба, Јас те посветив, за пророк на сите народи те поставив.“ А јас реков: „Ах, Господи Боже, ете, јас не знам да зборувам: дете сум.“ А Господ ми одговори: „Не зборувај: ‘Дете сум!’ Туку оди кај оние кај кои те праќам и речи им го сѐ она што ќе ти го наредам. Не бој се од нив: Зашто Јас Сум со тебе за да те избавам,“ говори Господ. И тогаш Господ ја протегна раката, ја допре мојата уста и рече: „Еве, ги ставам Моите зборови во твојата уста. Ете, те поставувам денес над народите и над царствата, за да истребуваш и разурнуваш, за да сотираш и ништиш, за да градиш и садиш.“ И ми дојде Господовото слово: „Што гледаш, Еремија?“ А јас реков: „Гледам бадемова гранка.“ Тогаш Господ ми рече: „Добро гледаш, зашто јас бдеам над Моите зборови, за да ги исполнам!“