Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Судии 6

6
Мидјаните го угнетуваат Израел
1 # 2,11 А синовите Израелови сторија зло пред Господ, и Господ ги предаде во раката на Мидјаните за седум години. 2#Ис 2,19; Евр 11,38Раката на Мидјаните надвладеа над Израел, и Израеловите синови поради Мидјаните си правеа прибежишта во пештери и тврдини по горите. 3И кога ќе посееше нешто Израел, ќе дојдеше Мидјанец или Амаликиец или жител од исток, ќе нападнеше на него; 4и стоеше кај нив во шаторите, и ги уништуваше земните плодови дури до Газа, и не му оставаше за исхрана на Израел ни овца, ни вол, ни магаре. 5#7,12Зашто тие доаѓаа со добитокот свој и со шаторите свои, доаѓаа во големо множество – како скакулци; тие и камилите нивни број немаа, и одеа по земјата на Израел за да ја опусто­шу­ваат. 6#3,9Многу осиромаши тогаш Израел од Мидјаните, и повикаа синовите Израе­ло­ви кон Господ. 7#3,9.15; 10,12А кога синовите Израелови повикаа кон Господ против Мидјаните, 8#2,1; Ис.Н. 24,17Господ испрати пророк кај Израе­ловите синови и Тој им рече: „Вака вели Господ, Бог Израелов – Јас ве изведов од Египет, ве изведов од домот на ропството; 9#Пс 42,1-2; 136,24ве избавив од раката на Египќаните и од раката на сите ваши угнетувачи; ги истерав од пред вас, и ви ја дадов земјата нивна, 10#2 Мојс 20,5и ви реков: Јас сум Господ, Бог ваш; не ги почитувајте боговите на Амореј­ците, во чија земја живеете.“
Бог го задолжува Гедеон да го избави Израел
11 # 1 Мојс 16,7 Тогаш дојде ангелот Господов и седна во Офра под дабот, кој му при­паѓаше на Јоас од родот на Авиезер; а синот негов Гедеон чукаше жито на гумното, за да го сокрие од Мидјаните. 12#Рута 2,4; Лк 1,28И му се јави ангелот Господов и му рече: „Со тебе е Господ, мажу силен!“ 13#Пс 44,1; 78,3Гедеон му одговори: „Господаре мој, ако е Господ со нас, зошто нѐ снајде сета оваа мака? И каде се сите Негови чудеса, за кои ни раскажуваа нашите татковци, велејќи: ‚Господ нѐ изведе од Египет?‘ Сега Господ нѐ остави и нѐ предаде во рацете на Мид­јаните.“ 14Тогаш Господ го погледна и рече: „Оди со таа своја сила и спаси го Из­раел од раката на Мидјаните. Јас те испраќам.“ 15#2 Мојс 3,11; 1 Сам 9,21; 1 Цар 3,7; Ер 1,6Гедеон Му одговори: „Господи, ка­ко ќе го спасам Израел: ете, и племето ми е најбедно во коленото Манасиево и јас сум најмал во домот на мојот тат­ко?“ 16#2 Мојс 3,12; 5 Мојс 31,23; Ис.Н. 1,5; Ис 41,10; Ер 1,8Господ му рече: „Јас ќе бидам со тебе, и ти ќе ги поразиш Мидјаните како еден човек.“ 17#6,36-40; 2 Цар 20,8-11; Ис 7,10-14Гедеон Му рече: „Ако сум се здобил со милост пред Тебе, дај ми доказ дека Ти говориш со мене. 18#13,15; 1 Мојс 18,3-5Не оди си оттука, додека не дојдам кај Тебе, да ти донесам дар свој и да Ти го предадам.“ Тој рече: „Јас ќе останам, додека се вратиш.“ 19#13,15Гедеон отиде и приготви козле и лебови пресни од една ефа брашно; ме­сото го стави во кошница, чорбата ја налеа во грне, ги донесе кај Него под дабот и Му ги принесе. 20И ангелот Божји му рече: „Земи го месото и погачата, и стави ги на оној камен, а чорбата истури ја.“ Тој така и направи. 21#3 Мојс 9,24; 1 Цар 18,38; 1 Лет 21,26; 2 Лет 7,1Ангелот Господов го протегна крајот на жезолот што беше во раката негова, и го допре месото и лебовите; и вивна оган од каменот и изгореа месото и лебовите. А ангелот Господов се со­кри од очите негови. 22#13,22; 2 Мојс 33,20-23; 1 Цар 19,13; Ис 6,5И виде Гедеон дека тоа беше ангел Господов и рече Гедеон: „Помогни, Гос­поди Боже, зашто видов лице на ангел Господов.“ 23#5 Мојс 5,26; Дан 10,19Господ му рече: „Мир на тебе, не плаши се, нема да умреш!“ 24#1 Мојс 12,7-8; 33,20; 35,7; 2 Мојс 17,1-16И Гедеон Му изгради таму жрт­ве­ник на Господ и го нарече: Јахве Ша­лом#6,24 Господ е мир.. Тој стои и до денес во Офра која им припаѓа на Авиезерците.
Гедеон го разорува жртвеникот на Ваал
25 # 2 Мојс 34,13; 5 Мојс 7,5; 12,3 Во таа ноќ Господ му рече: „Земи го бикот од стадото на татко ти и вториот бик, седумгодишниот и разруши го жртвеникот на Ваал што е кај татко ти, и исечи ги дрвата што се кај него, 26и изгради Му како што треба жрт­веник на твојот Господ Бог, на врвот од карпата, па земи го вториот бик и принеси го како жртва сепаленица врз дрвата што ќе ги исечеш.“ 27Гедеон зеде десет слуги свои и направи како што му рече Господ; но бидејќи се плашеше од домашните на својот татко и од градските жители, наместо дење, го направи тоа ноќе. 28Кога утредента градските жители станаа, ете, жртвеникот на Ваал беше разрушен, столбот до него исечен и вториот јунец принесен како жртва врз новоизградениот жртвеник. 29И си говореа еден на друг: „Кој го направи тоа?“ Бараа, распрашуваа и рекоа: „Јоасовиот син Гедеон го на­пра­ви тоа.“ 30И градските жители му рекоа на Јоас: „Изведи го синот свој; тој треба да умре, зашто го разруши Вааловиот жртвеник и го исече светиот столб што беше до него.“ 31#1 Цар 18,27Јоас им кажа на сите што дојдоа кај него: „Вие ли ќе се застапувате за Ваал, вие ли ќе го заштитувате? Кој ќе се застапи за него, ќе биде предаден на смрт уште ова утро; ако е тој бог, сам нека се одмазди на тој што му го срушил жртвеникот негов.“ 32Затоа од тој ден Гедеон почнаа да го викаат Јероваал, бидејќи било ре­чено: сам нека се одмазди Ваал на него, поради тоа што му го срушил жрт­ве­никот негов.
Гедеон бара знак за доказ од Бога
33И сите Мидјани и Амаликијци и жителите од исток се собраа заедно, ја преминаа реката и се сместија во долината Јизреел. 34#3,10И Духот Господов го поткрепи Ге­деон; тој затруби со труба, и племето на Авиезер се собра да оди по него. 35И испрати гласници низ целото племе Манасиево, и тоа се одзва да оди по него; тој исто така испрати гласници до Асир, Завулон и Нефталим, и тие дојдоа таму да се сретнат. 36А Гедеон Му рече на Бога: „Ако го спасиш Израел преку мојата рака, како што говореше Ти, 37тогаш еве, ќе положам овде на гумното едно руно – ако има роса само на руното, а по целата земја биде суво, ќе знам дека Ти преку мојата рака ќе го спасиш Израел, како што ми рече.“ 38Така и стана: утредента, откако ста­­на рано, фати да го цеди руното и исцеди роса од руното цела чаша вода. 39#1 Мојс 18,32И Гедеон Му рече на Бога: „Не ми се гневи, ако пак кажам и ако само уште еднаш се обидам со руното – нека биде суво само на руното, а по целата земја да има роса.“ 40Така и направи Бог во таа ноќ: само на руното беше суво, а по целата земја имаше роса.

Селектирано:

Судии 6: MK2006

Нагласи

Сподели

Копирај

None

Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се