Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Судии 5:1-12

Судии 5:1-12 MK2006

Во тој ден запеаја Девора и Варак, синот Авиноамов со овие зборови: „Благословувајте Го Господа зашто се одмазди за Израел, народот покажа сесрдност. Слушајте, цареви, внимавајте, кнезови; јас ќе Му пеам и ќе Му свирам на Господ, на Господ, Бог Израелов! Кога излегуваше Ти, Господи, од Сеир, кога доаѓаше од полето Едом, земјата се тресеше, небото капеше и облаците вода пролеваа; горите се топеа од лицето на Господ, дури и Синај затрепери пред Господ, Бог Израелов. Во дните на Самегар, синот Анатов, во дните на Јаел, патиштата опустеа и кои порано одеа по правите патишта, тогаш одеа по околните патеки. Во Израел немаше жител во селата, немаше, додека јас, Девора, не станав, додека не востанав јас, мајката Изра­елова. Избраа нови богови, затоа војната беше пред вратата. Се виде ли штит и копје меѓу четириесет илјади од Изра­ел? Срцето ми е кон вас, началници Из­ра­елови, кон ревнителите во народот; прославувајте Го Господа! Вие, кои јавате на бели магариња што седите во судовите и одите по патот, разгласувајте! Среде гласовите на оние што плес­каат, таму нека покажат правда, Гос­поди, зацврсти ја правдата во Израел! Тогаш народот Господов се разотиде по своите градови. Разбуди се, разбуди се, Девора, раз­буди се, па запеј песна! Стани, Варак и води ги своите платеници, сине Авино­амов!

YouVersion користи колачиња за да го персонализира вашето искуство. Со користење на нашата веб-страница, ја прифаќате употребата на колачиња како што е опишано во нашата Политика за приватност