Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Судии 2

2
Господ го укорува Својот народ
1 # 3 Мојс 26,42-44 Дојде ангел Господов од Гилгал во Бохим и рече: „Јас ве изведов од Египет и ве воведов во земјата, за која им се заколнав на татковците ваши; и реков: – нема да го нарушам Мојот за­вет со вас никогаш; 2#2 Мојс 23,32; 34,12; 5 Мојс 7,2; 5 Мојс 12,3вие, пак, не влегувајте во сојуз со жи­телите на оваа земја; на боговите нивни не им се поклонувајте, идолите нивни скршете ги, жртвениците нивни урнете ги. Но вие не го послушавте гласот Мој. Зошто постапивте така? 3#2 Мојс 23,33; 34,12; 5 Мојс 7,16Затоа велам: нема да ги истерам од вас, и тие ќе бидат трње за вас, а бо­говите нивни ќе ви бидат соблазна.“ 4Кога ангелот Господов ги кажа тие зборови пред сите синови Израелови, народот крена голем пискот и заплака. 5Поради тоа и го нарекуваат тоа место Бохим. Таму тие Му принесоа жртва на Господ.
Смртта на Исус
6Откако Исус го распушти народот, синовите Израелови заминаа секој во својот дел за да добие во наследство земја. 7Народот Му служеше на Господ во текот на сите денови на Исус и во текот на сите денови на старешините, кои го надживеаја Исус, и кои го беа виделе сето големо дело на Господ што Тој го направи за Израел. 8А кога умре Исус, синот Навинов, слуга Господов, на сто и десет години, 9#Ис.Н. 19,49го погребаа во пределите на него­виот дел што го наследи во Тим­нат-Херес, во Ефремовата Гора, на се­вер од планината Гааш; 10#Гал 4,8и кога целото поколение им се при­дружи на своите предци, и настана по нив друг род, кој не Го знаеше Гос­пода и делата Негови, какви што му беше направил на Израел, –
Народот отстапува од Господ
11 # 3,7; 3,12; 4,1; 6,1; 8,33; 10,6; 1 Цар 16,31; 22,53-54 тогаш Израеловите синови почнаа да прават зло пред Господ и да му слу­жат на Ваал; 12#4 Мојс 11,33; 5 Мојс 4,25; Пс 78,58; 106,40Го оставија Господа, Бог на тат­ковците нивни, Кој ги беше извел од земјата египетска, и се свртеа кон други богови, кон боговите на тамошните мес­та, и почнаа да им се поклонуваат, и Го разгневија Господа; 13Го оставија Господа и почнаа да им служат на Вааловци и на разни Ас­тарти. 14#5 Мојс 31,17; Неем 9,27Тогаш Господ силно се разгневи против Израелците и ги предаде во рацете на грабачи, кои ги ограбуваа; и ги предаде во рацете на околните народи, и не можеа повеќе да одолеат пред непријателите свои. 15#5 Мојс 28,15-46Насекаде, каде и да отидеа тие, ра­ката Господова беше против нив на зло, како што им беше говорел Господ и како што им се беше заколнал Господ. И тие беа на голема мака. 16#Пс 106,43; Дела 13,20Тогаш Господ постави судии, кои ги спасуваа од рацете на оние што ги пленеа. 17#Ос 1,2; Пс 106,36; Неем 10,28Но тие и нив не ги слушаа, туку блудствуваа со други богови и ним им се поклонуваа, а потоа скршнаа од патот, по кој одеа нивните предци, кои им се покоруваа на заповедите од Господ. Тие не правеа така. 18#1 Сам 7,3; 2 Цар 13,5Но кога Господ им поставуваше судии, Сам Господ беше со судијата и ги спасуваше од непријателите нивни во текот на целиот век на судијата, зашто Господ ги сожалуваше, слушајќи ги оф­кањата нивни од оние што ги угнетуваа и потискаа. 19Но штом ќе умреше судијата, тие одново почнуваа да живеат во уште по­голем разврат од своите предци, одеј­ќи по други богови, да им служат и да им се поклонуваат. И не отстапуваа од де­лата свои жестоки и од лошиот пат свој.
Господ го искушува Израел
20 # Ис.Н. 7,11; 2 Цар 17,15 Тогаш Господ силно се разгневи про­тив Израел и рече: „Поради тоа што овој народ отстапи од заветот Мој што го поставив со нивните предци, и не го послушаа гласот Мој, 21ни Јас нема повеќе да протерувам пред нив ниеден од народите што ги остави Исус, кога умираше, 22за да го испитам Израел; ќе почнат ли да се држат до патот Господов и да одат по него, како што се држеа тат­ковците нивни, или не?“ 23И Господ ги остави тие народи и не ги протера веднаш и не ги предаде во рацете на Исус.

Селектирано:

Судии 2: MK2006

Нагласи

Сподели

Копирај

None

Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се