Судии 1
1
Израел се вселува во Ханан
1 #
20,18; Ис.Н. 24,29 По смртта на Исус, синовите на Израел Го прашаа Господа, велејќи: „Кој од нас прв ќе тргне против Хананците – да војува против нив?“ 2Господ одговори: „Јуда ќе тргне; ете, Јас ја предавам земјата во негови раце.“ 3Јуда, пак, му кажа на братот свој Симеон: „Дојди со мене во мојот дел за да војуваме против Хананците; а потоа јас ќе влезам со тебе во твојот дел.“ И Симеон отиде со него. 4Тогаш Јуда тргна, и ги предаде Господ Хананците и Перизијците во рацете нивни, и тие убија од нив во Безек десет илјади души. 5#Ис.Н. 10,3Во Безек наидоа на Адони-Везек, започнаа битка со него и ги разбија Хананците и Перизијците. 6Адони-Везек избега, но тие се спуштија, тргнаа по него, го фатија и му ги исекоа палците на рацете негови и на нозете негови. 7#Ис.Н. 10,1Тогаш Адони-Везек рече: „Седумдесет цареви со пресечени палци на рацете и нозете собираа трошки под трпезата моја; како што правев јас, така ми воздаде Бог.“ И го доведоа во Ерусалим, каде што и умре. 8#Ис.Н. 15,63И војуваа Јудините синови против Ерусалим, го презедоа и го поразија со меч и градот го изгореа со оган. 9#Ис.Н. 9,1; 10,40; Ер 32,44; 33,13Потоа Јудините синови тргнаа да војуваат против Хананците, кои живееја во планинската земја, во јужната област и во рамнината. 10#1 Мојс 35,27; Ис.Н. 10,36-39; 11,21; 14,6-15И тргна Јуда против Хананците, кои живееја во Хеврон, (порано Хеврон се нарекуваше Кирјат-Арба), и ги разбија Шешај, Ахиман и Талмај. 11Оттука тргнаа против жителите на Давир; порано Давир се викаше Кирјат-Сефер. 12Тогаш Халев рече: „Кој ќе го нападне Кирјат-Сефер и ќе го преземе, ќе му ја дадам ќерката своја Ахса за жена.“ 13#3,9-10Го презеде Готониил, синот на Кеназ, помладиот брат на Халев; и тој му ја даде ќерката своја Ахса за жена. 14Пред да замине таа, Готониил ја подучи да бара од татко си земја, и таа слезе од магарето. Халев ја праша: „Што бараш?“ 15А таа му рече: „Дај ми благослов; ти ми даде сува земја, дај ми и водни извори.“ И ѝ ги даде Халев горните извори и долните извори. 16#2 Мојс 2,16-22; 4 Мојс 10,29-32; 24,21-22Кенијците, пак, кои водат потекло од Мојсеевиот тест, појдоа од градот на палмите #1,16 Ерихон со Јудините синови во Јудината пустина, која е на југ од Арад. И дојдоа и се населија меѓу народот. 17Потоа тргна Јуда со својот брат Симеон и ги совладаа Хананците, кои живееја во Цефат, го проколнаа градот со проклетство и го нарекоа тој град Хорма. 18Јуда исто така ги презеде Газа со нејзината околина, Ашкелон и неговата околина, и Екрон и неговата околина, 19#Ис.Н. 17,16Господ беше со Јуда, и тој ја доби во наследство планината; но не можеше да ги истера жителите на долината, бидејќи тие имаа железни двоколки. 20#4 Мојс 14,24; Ис.Н. 14,12-13А на Халев му го предадоа Хеврон, како што беше рекол Мојсеј, и ги истера оттаму трите сина на Анак. 21Но Венијаминовите синови не ги истераа Јевусијците, кои живееја во Ерусалим; Јевусијците живеат со потомците на Венијамин во Ерусалим и до ден-денес. 22#1 Мојс 28,17-19; Ис.Н. 18,13И синовите Јосифови исто така тргнаа против Ветил, и Господ беше со нив. 23Јосифовите синови го разгледаа Ветил, а порано градот се нарекуваше Луз. 24И стражарите видоа еден човек, кој доаѓаше од градот и му рекоа: „Покажи ни го влезот во градот, и ќе покажеме милост кон тебе.“ 25#Ис.Н. 6,21Тој им го покажа влезот во градот, и тие го совладаа градот со сечилото на мечот, а тој човек и сите негови роднини ги пуштија. 26Тој човек отиде во земјата на Хитијците и изгради град и го нарече со името Луз. Тоа му е името и до ден-денес. 27#Ис.Н. 17,11И Манасија не ги избрка жителите на Бет-Шан и неговите села, ниту жителите на Таанах и неговите села, ниту жителите на Дор и неговите села, ниту жителите на Јивлеам и неговите села, ниту пак на Мегидо и неговите села. Но, Хананците и понатаму останаа да живеат во оваа земја. 28#Ис.Н. 17,13Кога Израел стана силен, им наметна данок на Хананците, но не ги избрка. 29#Ис.Н. 16,10И Ефрем не ги истера Хананците кои живееја во Гезер; и Хананците живееја меѓу нив во Гезер. 30#Ис.Н. 19,10И Завулон не ги избрка жителите на Китрон, ниту жителите на Нахалол, и Хананците живееја меѓу нив и им плаќаа данок. 31#Ис.Н. 19,24И Асир не ги избрка жителите на Ако, и ни жителите на Сидон и Ахлав, ни од Ахзив, Хелба, Афик ниту, пак, од Рехов. 32Се насели Асир меѓу Хананците, жителите на таа земја, бидејќи не можеше да ги избрка. 33#Ис.Н. 19,32И Нефталим не ги избрка жителите на Ветсамис како ни жителите на Бет-Анат и живееше меѓу Хананците, жителите на таа земја; а жителите на Ветсамис и на Бет-Анат беа негови поданици. 34#Ис.Н. 19,47-48Аморејците ги потиснаа синовите Данови во горите, бидејќи не им даваа да слезат во долината. 35И Аморејците останаа да живеат во Хар-Херес, во Ајалон и Шаалевим; но раката на Јосифовиот дом ги присили и тие им станаа поданици. 36Пределите на Аморејците се протегаа од угорнината Акравим, од Карпата сѐ угоре.
Селектирано:
Судии 1: MK2006
Нагласи
Сподели
Копирај
Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се
© Библиско Здружение на Р. Македонија 2006
© Bible Society of the Republic of Macedonia 2006