Судии 16
16
Самсон и портите на Газа
1 #
1 Мојс 38,15; Ис.Н. 2,1 Потоа Самсон дојде во Газа; таму виде една блудница и влезе кај неа. 2#1 Сам 19,11Им јавија на жителите од Газа: „Самсон дојде овде.“ И обиколуваа, го чекаа цела ноќ кај градските порти и се криеја цела ноќ, велејќи: „До осамнување ќе чекаме и ќе го убиеме.“ 3А Самсон спиеше до полноќ; потоа на полноќ тој стана и градските порти со двата довратника, ги крена заедно со диреците, ги стави на грб и ги однесе на врвот од гората, која е на патот за Хеврон.
Далила го изневерува Самсон
4 #
1 Мојс 24,67; 34,3 Потоа тој засака една жена, која живееше во долината Сорек; името ѝ беше Далила. 5#14,15-17Дојдоа кај неа филистејските кнезови и ѝ рекоа: „Запрашај го и дознај во што му е големата сила, и како да го надмудриме за да го врземе и да го смириме; ние, пак, ќе ти дадеме за тоа секој по илјада и сто шекели сребро.“ 6Тогаш Далила го праша Самсон: „Кажи ми, во што ти е големата сила, и со што би можеле да те врзат, за да те смират?“ 7Самсон ѝ одговори: „Ако ме врзат со седум сурови жили, уште неисушени, јас ќе станам бессилен и ќе бидам како другите луѓе.“ 8И ѝ донесоа филистејските кнезови седум сурови жили, уште неисушени, и таа го врза со нив. 9Во тоа време еден од нив седеше сокриен во спалната нејзина; и таа рече: „Самсоне, Филистејците идат против тебе.“ Тој ги раскина жилите, како што се раскинува коноп кога ќе го гори оган. И не се дозна за силата негова. 10И Далила му рече на Самсон: „Ете, ти ме измами и ми кажа лага; кажи ми сега, со што можат да те врзат?“ 11#15,13Тој ѝ одговори: „Кога би ме врзале со нови јажиња, кои не биле употребени, јас би станал бессилен и ќе бидам како другите луѓе.“ 12Далила зеде нови јажиња, го врза и му рече: „Самсоне, Филистејците доаѓаат против тебе.“ Во тоа време еден од нив седеше сокриен во спалната. И тој ги скина јажињата од рацете свои како конци. 13И Далила пак му рече на Самсон: „Ти сѐ ме мамиш и ми говориш лага; кажи ми, со што можат да те врзат?“ Тој одговори: „Ако привиеш седум перчиња од косата на главата моја, на вратило и ги забиеш со колец на камен јас ќе бидам бессилен како другите луѓе.“ 14И кога тој заспа, Далила зеде седум перчиња од косата на главата негова, ги приви на вратилото и со колец ги притегна на камен и му рече: „Филистејците одат против тебе, Самсоне!“ Тој се разбуди од сонот и го извлече кросното сплеткано од основата и вратилото. 15#14,16И Далила тогаш му рече: „Зошто зборуваш ‚те сакам‘, а срцето твое не е со мене? Ете, ме измами трипати и не ми кажа, во што е твојата голема сила.“ 16И бидејќи таа го вознемируваше со зборовите свои секој ден и го мачеше, душата негова му се натажи до смрт. 17#13,5; 4 Мојс 6,2; Мих 7,5И тој ѝ го откри целото свое срце, велејќи ѝ: „Бербер не се допрел до главата моја, зашто јас сум назир Божји од мајчината си утроба: ако ме истриже некој, ќе ме напушти силата моја; јас ќе ослабам и ќе бидам како другите луѓе.“ 18Далила, откако виде дека тој ѝ го откри целото срце свое, испрати и ги повика филистејските кнезови, велејќи им: „Дојдете сега; тој ми го откри целото срце свое.“ И тие дојдоа кај неа и донесоа сребро во рацете свои. 19И Далила го успа на колената свои, па повика еден човек, та му заповеда да ги истриже седумте плетенки на главата негова. И тој почна да ослабува, и силата негова го напушти. 20#1 Сам 16,14; 18,12; 28,15Таа тогаш рече: „Филистејците доаѓаат против тебе, Самсоне!“ Тој се разбуди од сонот свој и рече: „Ќе одам, како и порано, и ќе се ослободам.“ Но не знаеше дека Господ отстапил од него. 21#4 Мојс 16,14Филистејците го фатија и му ги извадија очите, го доведоа во Газа, го оковаа со две бакарни вериги и го тераа да меле жито во затворот. 22Меѓутоа, косата на главата негова, откако беше истрижен, почна пак да расте.
Самсоновиот последен подвиг и неговата смрт
23 #
1 Сам 5,2-7
Филистејските кнезови се собраа, за да принесат голема жртва на Дагон, својот бог, и да се провеселат, па рекоа: „Нашиот бог го предаде во рацете наши нашиот непријател Самсон.“ 24#1 Лет 10,9Исто така и народот, откако виде, го прославуваше својот бог, велејќи: „Нашиот бог ни го предаде во рацете наши непријателот наш и пустошникот на земјата наша, кој порази многумина од нас.“ 25А кога се развесели срцето нивно, рекоа: „Повикајте го Самсон за да нѐ развесели.“ И го повикаа Самсон од затворот, и тој ги веселеше и го ставија меѓу два столба. 26И Самсон му рече на момчето што го водеше за рака: „Дозволи ми да ги напипам столбовите, врз кои се крепи домот, и да се потпрам на нив.“ 27А домот беше полн со мажи и жени: таму беа сите филистејски кнезови, и на покривот имаше до три илјади мажи и жени, кои гледаа во Самсон како ги веселеше. 28#15,18; Ер 15,15Повика Самсон кон Господ и рече: „Господи Боже, спомни си за мене и поддржи ме само сега, о Боже, за да им се одмаздам веднаш на Филистејците за двете очи мои.“ 29И ги помести Самсон од местото двата средни столба, врз кои се крепеше домот, откако налегна врз нив, на едниот со десната рака, а на другиот со левата. 30И Самсон рече: „Умри, душо моја, со Филистејците!“ И притисна со сета сила, и домот се урна врз кнезовите и врз сиот народ што беше со него. И умрените што тој ги уби при смртта своја, беа повеќе, отколку што беше умртвил во текот на целиот свој живот. 31#15,20И дојдоа браќата негови и целиот негов татков дом, го зедоа, па отидоа и го погребаа меѓу Цора и Ештаол, во гробот на татко му Маној. Тој беше судија над Израел дваесет години.
Селектирано:
Судии 16: MK2006
Нагласи
Сподели
Копирај
Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се
© Библиско Здружение на Р. Македонија 2006
© Bible Society of the Republic of Macedonia 2006