Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Судии 12

12
Ефтај и Ефремците
1 # 8,1-3 Луѓето од Ефремовото племе се собраа, дојдоа во Цафон и му рекоа на Ефтај: „Зошто отиде да војуваш против Амонците, а нас не нѐ повика со себе? Ние ќе го изгориме со оган домот твој со тебе.“ 2Ефтај им рече: „Јас и народот мој имавме со Амонците силни караници; јас ве повикав, но вие не ме спасивте од рацете нивни. 3#9,17Откако увидов дека вие нема да ме спасите, го изложив животот на опасност и тргнав против Амонците, и Гос­под ги предаде во моите раце; зошто дојдовте сега да војувате против мене?“ 4Тогаш Ефтај ги собра сите галаад­ски жители и удри на Ефремците, и жителите галаадски ги испотепаа Еф­ремците, велејќи: „Вие сте бегалци Ефремови, а Галаад е помеѓу Ефрем и Манасија.“ 5#3,28; 7,24И галаадчаните ги зазедоа јорданските премини од Ефремците, и кога некој од унесреќените Ефремци ќе речеше: „Дозволете ми да преминам“, жителите галаадски му велеа: „Нели си ти од Ефремовото племе?“ Тој ќе одговореше: „Не.“ 6Тие ќе му речеа: „Кажи шиболет“, а тој ќе рече: „Сиболет“, и не можеше никако правилно да го изговори. Тогаш тие го земаа и го заколуваа кај премините на Јордан. И во тоа време паднаа четириесет и две илјади луѓе од Ефре­мовото племе. 7Ефтај беше судија над Израел шест години, и умре Ефтај, и беше погребан во еден од галаадските градови.
Есевон, Елон и Авдон
8По него судија над Израел беше Есевон од Витлеем. 9Тој имаше триесет синови, а триесет ќерки од домот свој омажи, додека триесет ќерки зеде однадвор за сино­вите свои, и беше судија над Израел седум години. 10Есевон умре и беше погребан во Витлеем. 11По него судија над Израел стана Елон од племето Завулоново; тој упра­вуваше со Израел десет години. 12Умре и Завулонецот Елон и го погребаа во Ајалон, во земјата Заву­лонова. 13По него беше судија над Израел Ав­дон, син на Хилел од Пиратон. 14#5,10Тој имаше четириесет синови и триесет внуци, кои јаваа на седумдесет магариња; тој му судеше на Израел осум години. 15И умре Авдон, синот на Хилел од Пиратон, и беше погребан во родниот град, во земјата Ефремова, во гората Амаликова.

Селектирано:

Судии 12: MK2006

Нагласи

Сподели

Копирај

None

Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се